Едно лице загина и 9 се повредени во експлозија во трговски центар во руската област Северна Осетија-Аланија

December 25, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Во експлозија во трговски центар во Владикавказ, Русија, загина едно лице, а девет се повредени, соопшти денес Министерството за вонредни ситуации, јавува Анадолу.

Експлозијата се случила на горниот кат на Трговскиот центар „Аланија“ во Владикавказ, административниот центар на Северна Осетија-Аланија во северниот дел на Кавказ, се вели во соопштението на Министерството.

Понатаму, се вели дека во моментот на експлозијата немало посетители, а сите жртви биле меѓу вработените и случајните минувачи.

Трговскиот центар се запали по експлозијата, но тој беше брзо изгаснат, се вели во соопштението.

Властите соопштија дека најверојатно станува збор за експлозија на гас. Регионалниот гувернер Сергеј Мењало изјави дека спасувачите ги пребаруваат просториите за потенцијални жртви.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градоначалникот на Ѓорче Петров: Будно ги следиме условите на терен и навремено реагираме

Следно

Авионска несреќа во Казахстан: Меѓу 28 преживеани и три деца

Latest from Blog

ТУРИСТИТЕ И ГРАЃАНИТЕ И ВО НЕДЕЛА И ВО ПРАЗНИК ЌЕ МОЖАТ ДА КУПУВААТ НА ШИРОК СОКАК

Битола, продолжува да ја зацврстува својата позиција како врвна туристичка дестинација, нудејќи им на посетителите незаборавно искуство низ вековната историја и автентичната архитектура. Култното шеталиште Широк Сокак, со својот уникатен спој

Сувото месо се чува во замрзнувач до 12 месеци

Сувото месо, како храна, честопати се наоѓа во многу домаќинства, па познавачите наведуваат дека многу луѓе прават грешки во чувањето. Како правилно да ја складираат оваа храна? Се истакнува, пред сѐ, дека

Тошковски: Најдобрите студенти од Факултетот за безбедност директно ќе се вклучуваат во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, каде што присуствуваше на академско кафе со студентите и професорите, како и на свечената промоција

Проданоски ги израдува најмалите во прилепските градинки

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, ги посети најмалите жители на детските градинки „Наша иднина“. Тој им подари новогодишни пакетчиња и заедно со децата се забавуваше, споделувајќи радост,

Артета: Требаше сè да одлучиме многу порано

Фото: ФЦ Арсенал/Твитер Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше пласманот на тимот во полуфиналето на Карабао Купот. „Топџиите“ го победија Кристал Палас на пенали и се пласираа во следната рунда. „Многу
Go toTop