Една жена убиена во масивен напад со дронови врз Москва и други девет региони, откажани летови на московските аеродроми

September 10, 2024
1 min read

Една жена загина, а три лица се повредени во напад со дрон на украинската армија во текот на ноќта врз Москва, соопшти гувернерот на Московската област Андреј Воробјов.

Претходно беше објавено дека жртва на нападот со дрон било деветгодишно момче, што Воробјов го негираше, пренесуваат руските медиуми.

Почината е 46-годишна жена (претходно имаше информации за смрт на деветгодишно момче, што не беше потврдено)“, напиша Воробјов на платформата Телеграм.

Тој додаде дека две лица се хоспитализирани во болница во областа Рамен.

Во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана соборија  дваесетина украински беспилотни летала над московските населби Подолск, Раменскоје, Либерци, Думдедово и Коломна.

Во Раменски од нападот оштетени се две станбени згради.

Московските аеродроми Домодедово и Внуково привремено ги прекинаа летовите. 

Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати и уништени вкупно 144 украински беспилотни летала, што биле лансирани во девет руски региони.

Претходно, регионалните власти известија дека се уништени 75 дронови.

Според ажурираните информации на руското Министерство за одбрана се наведува дека 72 беспилотни летала се уништени или пресретнати над регионот Брјанск, 20 над Московскиот регион, 14 над регионот Курск, 13 над регионот Тула, осум  над регионот Белгород , седум над Калуга, пет над Воронежската област, четири над Липецката област и еден  над Ориолската област“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на италијанската дипломатија во посета на државава

Следно

На Попова Шапка најниска температура и најмногу дожд

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop