„Една третина од населението на Газа нема јадено неколку дена поради израелската опсада“

July 22, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Една третина од населението во Газа нема јадено неколку дена поради тековната израелска блокада на палестинската енклава, соопшти Светската програма за храна (СПХ), јавува Анадолу.

„Кризата со глад во Газа достигна нови и зачудувачки нивоа на очај, при што третина од населението не јаде повеќе дена по ред“, се вели во соопштението на Рос Смит, директор на СПХ за подготвеност и одговор за итни случаи.

Според проценките на СПХ, една четвртина од населението во Газа се соочува со услови слични на глад, бидејќи 100.000 жени и деца страдаат од акутна неисхранетост.

Од 2 март Израел ги затвори сите премини во Газа, при што е блокирано доставувањето храна, медицинска и хуманитарна помош.

Министерството за здравство на Газа во неделата соопшти дека од октомври 2023 година, кога Израел ја засили блокадата и го ограничи пристапот до хуманитарна помош, 86 Палестинци починале од глад и неисхранетост, меѓу кои 76 деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува „Бич филм фестивал“ во Охрид со повеќе од 60 европски филмови на отворено

Следно

Лазаров: Сезонава да направиме чекор напред

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со „Зелникот на баба“ стана центар на вкусот и македонската култура

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информираше дека манифестацијата „Зелникот на баба“ годинава ги надминала сите очекувања, привлекувајќи повеќе од 8.000 посетители. Според него, мирисот на тазе печен зелник и звукот на

Меџити: Фитр Бајрам носи порака за мир, солидарност и хармонија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на традиционалната прослава на Фитр Бајрам, организирана од Исламска верска заедница, по покана на Реисул Улема, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи. „Вечерва го прославивме Фитр

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението
Go toTop