Една година без обесштетување за земјоделците – Општина Тетово: Се чека одлука од Владата

June 24, 2025
1 min read

Помина повеќе од една година откако градот предизвика речиси 100% штета врз насадите во Полошкиот регион, а земјоделците сè уште немаат добиено никакво обештетување. Тие велат дека сè уште ги трпат последиците од загубите и дека никој не ги посетил или сослушал нивните маки. Иако продолжиле со работата, велат дека се заглавени во долгови кон агроаптеките.

„По природната катастрофа што ја имавме на 22 јуни минатата година, од градот, не сме добиле пари. Штетите беа 100%, бевме оставени на милост и немилост, и сè уште сме во долгови за „ѓубрива, семиња, и саден материјал што ги земавме од агроаптеките – сè уште не се сме ги платиле.“, вели земјоделец.

„За жал, имавме ветувања, но никаква реализација! Веќе една година штетата беше 100% – не само за нас туку и за сите земјоделци. Сме во долгови, се трудиме со оваа година да ги покриеме долговите и од минатата година. Апелиравме барем долговите да се исплатиме колку што може“, рече земјоделец.

Од Општина Тетово велат дека ги доставиле сите предмети до владиниот комисиски орган.

„Од страна на Општина Тетово сите предмети се доставени до централната комисија, и од наша страна сме чисти во овој поглед. Сега чекаме решение од Владата за конечно да се затвори ова прашање.“, изјави Бесарта Рамадани, портпарол на Општина Тетово.

Претседател на државната комисија за проценка и обештетување е Фатмир Сабриу, кого се обидовме да го контактираме, но беше недостапен за да одговори до каде е постапката за земјоделците од Тетово, особено ако се има предвид дека голем дел од земјоделците во другите општини веќе добиле оштета од Владата пред два месеци.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блискиот исток „калкулира“

Следно

Калин Ивановски експресно во второто коло на турнирот во Загреб

Latest from Blog

Во Преспанско Езеро кај селото Наколец откриен редок органски материјал

НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам Љубојно, во рамки на проектот ACT4PRESPA ги реализираа првите подводни археолошки истражувања во Преспанско Езеро и со цел

Англиски репрезентативец заврши во болница

Се работи за стандардниот стопер на тимот на Њукасл, Ден Бирн кој што во дуелот против Сандерленд доби незгоден удар, при што заработи скршеница на ребро. Ова значи дека дефанзивецот веројатно ќе

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон

Брендан Роџерс има нов клуб

Некогашниот менаџер на тимот на Ливерпул, Брендан Роџерс е нов кормилар на тимот на Ал Кадисија од Саудиска Арабија, објави „Атлетик“. Искусниот стратег кој во моментов има 52. години веќе е на
Go toTop