Блискиот исток „калкулира“

June 24, 2025
1 min read

Иако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека стапи на сила прекин на огнот меѓу Иран и Израел, што двете страни го потврдија, Тел Авив тврди дека Техеран истрелал две балистички ракети кои биле соборени со што било прекршено примирјето.

Министерот за одбрана на Израел Кац вели дека им наредил на израелските одбранбени сили да „одговорат енергично“. Техеран, пак, ги негира обвинувањата. Трамп соопшти дека и Израел и Иран го прекршиле прекинот на огнот што го објави неколку часа претходно и дека не е задоволен од ниту една страна, особено од Израел. 

Доналд Трамп -претседател на САД

„Сите авиони ќе се свртат и ќе се вратат дома. Никој нема да биде повреден, прекинот на огнот е на сила“. 

Според американски извори, клучна улога во ова одиграл емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал-Тани, кој ги убедил Иранците да го прифатат прекинот на огнот.  Најавата на Трамп за мир следеше по иранскиот ракетен напад врз американска база во Катар и серијата израелски воздушни напади.

Прифаќањето на договорот дојде откако Техеран го почна својот последен ракетен напад врз Израел, при што загинаа најмалку четири лица, а 22 беа ранети, додека Израел пред зори почна блиц воздушни напади насочени кон локации низ Иран. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја се согласила на прекин на огнот со Иран во координација со американскиот претседател Трамп.

Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел

„Израел ќе одговори силно на секое кршење на прекинот на огнот“. 

Техеран  соопшти дека ирански нуклеарен научник  бил убиен во израелски напад пред да стапи на сила прекинот на огнот. Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, изјави дека испратил писмо до иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во кое предлага состанок и повикува на соработка по објавувањето на прекинот на огнот меѓу Иран и Израел.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи за тв 24: Извештајот на Вајц бара од земјата да продолжи по европскиот пат преку уставни измени

Следно

Една година без обесштетување за земјоделците – Општина Тетово: Се чека одлука од Владата

Latest from Blog

Вештакот Марковски: „Пулс“ бил безбеден во 2012 година, сопственикот бил должен да бара пренамена

На денешното судење за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во фокусот на вкрстеното испрашување беше вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет во Скопје. Во текот на испрашувањето, адвокатката на

Скопје – Блаце конечно добива продолжение: „Гранит“ ќе гради 10,5 километри автопат

Градежната компанија „Гранит“ го потпиша договорот со ЈП „Државни патишта“ за изградба на вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, кој треба да ја поврзе македонската метропола со границата со Косово. Според

Арбелоа: Заслуживме повеќе!

фото: Real Madrid C.F. (X) Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, изрази мешани чувства по поразот на неговиот тим од Челзи со 3-2 во нивниот прв натпревар од Премиер-лигата. Шпанецот рече дека е

Зеленски ја објави пораката што ја добил од Трамп!

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави честитката која ја добил од претседателот на САД, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина, истакнувајќи дека „овие зборови, исто како и звукот од
Go toTop