Една четвртина од возачките без „северна“: Полицијата само опоменува, не казнува, барем засега

January 5, 2025
1 min read

За време на празниците, граѓаните ослободени, барем за еден сообраќаен прекршок. Иако законот за безбедност во сообраќајот предвидува дека од 1 јануари не важат возачките дозволи со старото име на државата, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски пред неколку дена порача дека за сега ќе има само опомени.

Денеска е петти ден откако стапи на сила одлуката за продолжување на возачките дозволи и сообраќајните дозволи со новото уставно име, но не сите граѓани ги имаат сменето соодветните документи.

Граѓаните со поделени мислења за оваа ситуација. Некои велат дека не треба да се изрекуваат казни доколку документите се уште важат, а други велат дека само ако има казни, граѓаните ќе го дејствуваат побрзо.

Во меѓувреме МВР со апел до сите граѓани кои имаат возачка дозвола со старото име на државата, истите да ги заменат со нови. Во моментов една четвртина од возачите се со стари документи иако бројот на активни возачки дозволи во државава надмина 1 милион.

Полицијата соопштува дека се со зајакнати капацитети преземајќи мерки со цел граѓаните што побрзо да добијат документи со новото уставно име Северна Македонија. Постапката за подигање на личните документи, патните исправи и сообраќајните дозволи се одвива без проблеми и прекини, соопштуваат надлежните.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најавен е спектакл: Филхармоничари и солисти од Македонија, Грција и Бугарија заеднички ќе ја изведат „Кармина Бурана“

Следно

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop