Единаесетти ден од изборната кампања за претседателските избори

April 14, 2024
1 min read

Со презентација на програмите на средби со граѓани и митинзи, денеска продолжува изборната кампања на претседателските кандидати за првиот круг од изборите на 24 април.

Кандидатот за претседател на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски денеска ќе ги посети општините Старо Нагоричане, Кратово и Ранковце, а митинзи ќе одржи во Крива Паланка и во Куманово.

Кандидатката за претседател поддржана од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во скопските општини Петровец, Центар и Кисела Вода.

Активности денеска ќе има и кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски, кој ќе има средби со граѓани на три пункта во Градски парк во Скопје.

Кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска ќе ја продолжи кампањата меѓу жителите на скопската Општина Аеродром, а вечерта ќе одржи митинг во Кавадарци. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден: САД му помогнаа на Израел да ги собори речиси сите беспилотни летала и проектили што Иран ги истрела синоќа

Следно

Норвешка без Магнус Род на ОИ

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop