Еден загинат и деветмина повредени во синоќешната сообраќајна несреќа кај Гевгелија

January 20, 2024
1 min read

Едно лице загина, а девет се повредени во синоќешната сообраќајна несреќа што се случи на патот Гевгелија-Богданци, на мостот на реката Вардар, во која учествувале четири автомобили од кои еден превезувал мигранти од Сирија.

Според информацијата од СВР Струмица, во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“ со регистарски таблички од друго возило, управувано од Б.М.(48) од Македонска Каменица, во кое превезувал и криумчарел седум мигранти од Сирија, „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(63) од село Богородица, гевгелиско, „хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(42) од Гевгелија и „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ќ.(37) од село Стојаково.

-Во несреќата, од здобиените повреди починал Б.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.М. и Е.Ј.(63), сопатничка во возилото „опел корса“, додека со телесни повреди се здобиле мигрантите, констатирани во болницата во Гевгелија. Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во информацијата од СВР Струмица.

Заради несреќата, овој патен правец беше затворен за сообраќај од 19:30 до 23:40 часот, а сообраќајот се пренасочуваше преку селото Богородица.

Во расчистувањето на последиците од тешката сообраќајна несреќа учествувале едно противпожарно возило и тројца пожарникари на ТППЕ Гевгелија. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавени деталите за новите правила за добивање германско државјанство

Следно

Ужас во Грција: Жена му забила нож на маж во грб додека влегувал во автомобил и го убила

Latest from Blog

Божиновска: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура и меѓународната соработка

Енергетската политика на Македонија се гради системски, врз основа на закони, институционални решенија и меѓународна соработка, порача министерката за енергетика Сања Божиновска по состанокот на Енергетската заедница. Како што информираше таа, на

Ролат од тиква и крем сирење

    Состојки: 60 грама брашно 100 грама мелени бадеми 1/2 лажичка прашок за пециво 1/2 лажичка сода бикарбона 1/2 лажичка цимет 1/2 лажичка мускатно оревче малку рум 3 јајца 100 грама кафеав

Пискотници се слушаат од Атина до Брисел

Грците разочарани што наметнатото име со индолентниот Договор од Нивици се користи само за надворешна употреба и во пишана кореспонденција. Дури и во странство македонските челници не ја изговараат инфантилната Заева кованица.
Go toTop