Еден убиен, повеќемина повредени кога израелските војници пукаа врз Палестинци кои земаа хуманитарна помош во Газа

June 23, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Еден Палестинец е убиен, а неколку други беа повредени откако израелските војници отвориле оган врз толпа луѓе кои се обидувале да добијат хуманитарна помош во областа Заким, во северниот дел на Појасот Газа, соопштија очевидци и здравствените власти, јавува Анадолу.

Илјадници Палестинци се собраа во областа во обид да дојдат до храна, во услови на тешка хуманитарна криза и акутен недостиг на основни прехранбени производи низ целата енклава.

Сведоците велат дека пукотниците се слушнале откако граѓаните почнале да носат вреќи со брашно од камионите со помош.

Повредените и убиените се пренесени во болницата Шифа во градот Газа.

Во Појасот Газа, израелската Армија води жестока офанзива од октомври 2023 година.

Според последните бројки, речиси 56.000 Палестинци се убиени, од кои најголем дел се жени и деца.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, поради воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Период на топло време – температури до 40 степени од среда до петок

Следно

Таткото на Халанд за иднината на напаѓачот: Мојот син…

Latest from Blog

Чиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако
Go toTop