Еден од најдобрите ракометари на сите времиња ја завршува кариерата

April 2, 2024
1 min read

Познатиот дански ракометар, Микел Хансен, кој неколку пати беше прогласуван за најдобар играч кој некогаш стапнал на теренот, на крајот од сезоната ќе ја заврши кариерата, пренесува данската ТВ2.

Поради гореспоменатата одлука, неговиот сегашен клуб Алборг свика вонредна прес-конференција на која Хансен ќе се осврне на неговата одлука да ја прекине кариерата по долги 15 години.

Хансен веќе наполни 36 години, а според најавата, на конференцијата ќе се разговара за „идната соработка меѓу Алборг и Хансен“.

Данската национална телевизија се обиде да го контактира Хансен за коментар, но тој не сакаше да зборува за ништо пред закажаната конференција во среда во 12:30 часот.

За данската репрезентација одигра дури 266 натпревари, постигна 1.350 голови, а како што стојат работите приказната ќе заврши на Олимписките игри во Париз.

Во својата кариера настапуваше за дански Алборг, француски ПСЖ, Копенхаген, Барселона и ГОГ. Три пати беше прогласуван за најдобар ракометар во светот – во 2011, 2015 и 2018 година.

Освои речиси се што може да се освои во ракометот – ЕП, Светско првенство, Олимписки игри и бројни клупски титули.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тројниот шок што ја чека економијата на Европа

Следно

Шајло ја напушта Анџелина Џоли, чека да стане полнолетна и да си оди кај Бред Пит

Latest from Blog

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот

Проданоски: Прилеп е целосно подготвен за превенција и брза реакција при пожари на отворено

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за
Go toTop