Еден од најдобрите англиски голгетери започнал преговори со Манчестер јунајтед!

July 1, 2025
1 min read

Манчестер јунајтед сериозно размислува за засилување на напаѓачката линија, а најновата цел е одличниот стрелец од редовите на Астон Вила, Оле Воткинс. Англискиот репрезентативец зад себе има извонредна сезона, во која настапи на 38 натпревари во Премиер лигата постигна 16 голови и додаде осум асистенции.

Според најреномираните англиски медиуми, „црвените ѓаволи“ веќе воспоставиле првични контакти со клубот од Бирмингем, но и со самиот фудбалер. Разговорите наводно почнале уште за време на преговорите околу иднината на Маркус Рашфорд кој по позајмицата се враќа во Манчестер.

Во исто време, на „Олд Трафорд“ веќе се подготвува теренот за разделба со младиот Расмус Хојлунд, што дополнително го отвора просторот за ангажман на Воткинс, кој важи за еден од најдобрите голгетери на Островот.

Доколку преговорите добијат конкретна форма, Воткинс би можел да стане клучен дел од реконструкцијата на напаѓачката линија на Јунајтед, кој со новото раководство има амбиција конечно да се врати на патеките на старата слава.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полска размислува за повторно воведување гранични контроли со Германија и Литванија поради миграцијата

Следно

Турскиот производител на дронови „Бајкар“ го заврши преземањето на италијанската компанија „Пијаџио Аероспејс“

Latest from Blog

Rina Ajdari u përgjigjet deputetëve të VLEN-it

Deputetja dhe koordinatorja e grupit parlamentar të BDI-së, Rina Ajdari gjatë seancës së sotme të parlamentit u është përgjigjur deputetëve të VLEN-it dhe kryeparlamentarit Afrim Gashi, duke i akuzuar ato se kanë

Иран ја повика Германија и бара објаснување за американската воздушна база Рамштајн

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда тврди дека успеала да оштети американски борбен авион Ф-35 за време на борбена мисија, објавува Ал Џезира. Иран бара појаснување од Германија. Амбасадорот на Иран во Германија,

Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме на сите војници што имаат 45 години и треба да заминат во пензија

Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во

Mакрадули: Партијата, државта не се простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат

Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во која се вградувам, како и ФБ меморијата ме вратија години наназад, во далечната 2013 година. (На сѐ уште најдобарата конвенција на СДСМ). Тогаш, по 24
Go toTop