ЕДЕН ДЕТАЉ ГО ИЗДАЛ МНОГУ ПОРАНО: Како принцот Вилијам дознал дека Кејт има рак?

March 24, 2024
1 min read

Принцот Вилијам откри дека неговата сопруга Кејт боледувала од рак кога го пропуштил погребот на грчкиот крал Константин.

Отсуството на принцот од настанот во капелата Св. Џорџ во замокот Виндзор на 27 февруари предизвика сомневања, но вечерашното откритие за здравјето на принцезата фрли нова светлина врз причината за неговото отсуство.

Како што веќе е познато во јавноста, на Кејт Мидлтон и е дијагностициран рак и почнала со превентивна хемотерапија.

Се очекува кралските помошници дополнително да го поддржат Вилијам додека тој се повлекува од лидерските должности и се грижи за децата додека неговата сопруга закрепнува.

Принцот веќе ги прилагодува своите кралски должности за да посвети уште повеќе време на семејството.

Одлуката на Вилијам да не присуствува на погребот на кралот Константин беше изненадување во тоа време, а причината беше опишана како „лична“.

Отсутен бил и неговиот татко, кралот Чарлс, кој и самиот се лекува од рак.

Наместо тоа, кралицата Камила беше највисоко рангиран член на кралското семејство што присуствуваше, а вујкото на Вилијам, принцот Ендру, исто така беше истакнато додека го водеше остатокот од кралското семејство на церемонијата.

Константин бил кум на Вилијам, а се вели дека принцот контактирал со грчкото кралско семејство за да се извини што не бил таму.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Платформа 1 198 се потпира на модерен и прецизен пристап кон управување со ресурсите

Следно

УТРЕ НИ ДОАЃА ЗАТЕМНУВАЊЕ НА МЕСЕЧИНАТА: Овие четири хороскопски знаци ги очекуваат важни пресврти!

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop