ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
1 min read

Бордот на Директори на Европската банка за обнова и развој ја одобри новата Стратегија  за  Северна Македонија за следните пет години (2025-2030).

Стратешките приоритети се:

  • Зајакнување на регионалната интеграција преку поврзување и зајакнување на поврзаноста на ланецот на вредности, преку инвестирање во отпорна, интегрирана инфраструктура и поддршка на подлабока поврзаност на ланецот на вредности
  • Забрзување на транзицијата кон зелена и одржлива иднина, преку декарбонизација, зелени инвестиции, и промовирање на одржлив и инклузивен општински и јавни услуги.
  • Поддршка на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија преку зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, подобро управување и справување со демографските предизвици преку зајакнување на развојот на вештини и економска инклузија.

Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Нашата нова Стратегија за Северна Македонија ја определува нашата јасна и амбициозна визија во следниве пет години, фокусирајќи се на продлабочување на регионалната интеграција, забрзување на зелената интеграција, и градење на поконкурентна, инклузивна и добро-управувана економија. Преку инвестирање во отпорна инфраструктура и поддршка на развојот на ланецот на вредности, се стремиме да ѝ помогнеме на земјата да ја зајакне улогата во регионалната економија. Во исто време, нашата определба за декарбонизација и одржливи јавни услуги ќе го поддржи патот на земјата кон позелена иднина. Ќе продолжиме да го промовираме растот на приватниот сектор, демографијата, ќе го подобриме владеењето и ќе ја зајакнеме економската инклузија, особено за жените, младите и помалку застапените групи. Со силно локално партнерство и заедничка реформска агенда, уверен сум дека Северна Македонија е добро позиционирана да го отклучи целосниот потенцијал и да постигне уште подраматичен и инклузивен раст во годините кои следат.ˮ

ЕБОР е водечки инвестициски инвеститор во Северна Македонија и има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 198 проекти.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реката Крчиќ и нејзините пет водопади – „неоткриен бисер“ за авантуристите

Следно

„Играта не заврши, сега се игра на теренот на ЕФ“ – Вреди ја прашува опозицијата колку се сигурни во нивните пратеници

Latest from Blog

Работилница за гондола на Пелистер – Коњановски го поздрави учеството на домашни и странски експерти

Денеска се одржа 2-та работилница за изработка на физибилити студија за изградба на гондола на Пелистер. Се обрати и ги поздрави присутните градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој кажа дека ова е

Божиновска: Македонија забрзува кон зелена и праведна енергетска транзиција

Македонија има јасен план, силна институционална координација и конкретни чекори за забрзување на зелената транзиција, беше истакнато на денешниот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP). Министерката за енергетика,

Мицкоски: Предметите без кривично дело и докази мора да се затворат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека новиот државен јавен обвинител веднаш да пристапи кон расчистување на сите предмети и документи што со години стоеле во фиоките без разрешница. Тој вели дека предметите
Go toTop