ДЗС располага само со еден функционален „Ер трактор“, но моментално нема потреба од дополнителни летала

September 9, 2024
1 min read

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) моментално располага само со еден функционален „Ер трактор“ авион од трите кои ги поседува, информираше за МИА директорот на ДЗС Џеват Селами.

Како што посочи Селами, пред три дена биле повикани механичарите од Шпанија и ги поправиле авионите, но следниот ден се појавил истиот проблем.

– Едниот авион треба да се сервисира, а другиот авион го поправивме пред три дена во Прилеп кога оперираа два авиони. Ги повикав механичарите од Шпанија, тие ги поправија авионите и истиот ден работеа, но пак се појави истиот проблем. Моментално само едниот авион е во употреба, а за другиот мора да почекаме до утре да видиме каква ќе биде состојбата дали ќе може да лета или не, рече Селами.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, пак, во изјава за МИА вели дека во моментов нема потреба од дополнителни летала. Едниот функционален „Ер трактор“, како што рече Ангелов, моментално се користи превентивно за гаснење на пожарот во прилепско.

– Денес користиме превентивно еден „Ер трактор“ во прилепско и немаме потреба од други летала. Пожарот не е тежок, но страв ни е да не ни излезе од контрола, бидејќи брзо се суши вегетацијата, рече Ангелов.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњичката полиција во Истанбул го привлекува вниманието на домашните и странските туристи

Следно

Предизвиците на следниот еврокомесар за проширување

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop