ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани гранати од Првата светска војна во близина на ГП Меџитлија и во Старо Градско

August 9, 2025
1 min read

Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираа две интервенции за отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) останати од Првата светска војна.

Првата интервенција беше спроведена во близина на граничниот премин Меџитлија, кон Р. Грција, на терен кој претходно беше зафатен од голем шумски пожар. По пријава од граничната полиција, пиротехничарот на ДЗС подигна две артилериски гранати со калибар од 75 mm, без запалки.

Втората интервенција се одвиваше во Старо Градско, на локацијата викана Песоци, во близина на реката Вардар. По пријава од полициската станица во Градско, од терен беа безбедно отстранети една артилериска граната (75 mm), една минофрлачка граната (75 mm) и две артилериски гранати (85 mm), исто така од периодот на Првата светска војна.

И покрај ограничените човечки ресурси, ДЗС успешно одговори на двата повика за интервенција во овој изминат еднонеделен период. Пиротехничарот Ѓорги Стефанов ги подигна и транспортираше пронајдените средства до безбедна локација, каде што беа складирани до нивното уништување во Центарот за воена обука „Криволак“.

Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните, при пронаоѓање сомнителни предмети, веднаш да ја известат најблиската полициска станица или регионалното одделение на ДЗС, и во никој случај самостојно да не постапуваат со пронајдените средства.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН бара отчет од Османи за трошењето на буџетот за ОБСЕ без документи и резултат

Следно

Уникатна театарска претстава под полната месечина на Големо Езеро, Пелистер

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop