ДЗР: Многумина од стипендираните студeнти во странство не се враќаат во Македонија

March 25, 2024
1 min read

Голем дел од стипендираните студенти не се враќаат во земјата по завршувањето на студиите во странство, укажува Државен завод за ревизија. Во најновиот извештај на тема “Ефикасност на мерките, политиките и проектите за исполнување на условите во кои функционираат државните студентски домови во Република Северна Македонија и развој на студентскиот стандард“ државните ревизори наведувата дека преклани за тие студенти бил исплатени околу три милиони евра.

-Ревизорите утврдија дека за студирање на еден од првите 100 Универзитети во светот во 2022 година за 111 студенти, исплатени се средства во износ од 188.361 илјади денари (околу 3 милиони евра) кои имаат учество од 44,4% во вкупните средства за стипендии. Притоа максималниот износ кој МОН го исплаќа за еден студент износува до 40.000 долари и за престој месечно од околу 45 илјади денари за вкупно 10 месеци во текот на годината. Голем дел од стипендираните студенти не ги почитуваат договорните услови и не се враќаат во земјата по завршувањето на студиите поради што средствата не се ефикасно искористени, се наведува во извештајот.

Целта на извештајот беше да се утврди дали надлежните институции во Македонија преземаат мерки и активности за континуирано подобрување на студентскиот стандард.

Во ревизорскиот извештај се наведува дека, мерките и активностите за развој на студентскиот стандард кои се преземаат од страна на надлежните државни органи не се доволно ефикасни и економични за остварување на одржливо ниво на финансиска самостојност на студентските домови, соодветно сместување и исхрана како и реализирање на проектите за реконструкција и проширувањето на капацитетите на Државните студентски домови. Се наведува дека не е изработен ниту посебен стратешки документ за студентскиот стандард со мерки и активности за развојот и подобрувањето на условите за живот и студирање во земјата. Ревизорите утврдиле дека вкупните средства кои се реализирани согласно Програмата за финансирање, реализацијата и развој на дејноста студентски стандард за 2022  година се во износ од 1.397.455 илјади денари (околу 22,6 милиони евра).

-Ревизорите утврдија евидентирано намалување на бројот на одобрени стипендии во периодот 2019-2022 година, но и зголемување на број на апликации како и бројот на одбиени студенти, кој за 2022/23 година достигнал до 2.942 што укажува на голем интерес на студентите но и на слабости во постапката за доделување на стипендиите особено во делот на обезбедување на потребната документација, се наведува во извештајот.

Од страна на ангажираниот независен експерт извршена е анализа на соодветноста на утврдената цена за сместување која е основен извор на приходи на ДСД и е утврдено дека истата не е променета од 2008 година и изнесува 6.820 денари месечно за 10 месеци во годината од која МОН партиципира 50 отсто од цената, а остатокот го плаќаат студентите.

-Истата не обезбедува задоволително ниво на финансиска одржливост на домовите што упатува на потреба од реално определување на економската цена за сместување и исхрана по студентите во државни студентски домови, укажуваат ревозорите.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЗР: Мерките за студентскиот стандард се недоволно ефикасни и економични за финансиска самостојност на студентските домови

Следно

Алвеш е ослободен со кауција од еден милион евра во очекување на жалбената одлука

Latest from Blog

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на
Go toTop