Двојни избори во мај, Ковачевски најавува средба со политичките партии за конечна одлука

November 23, 2023
1 min read

реклама


Премиерот Димитар Ковачевски најавува средба со политичките партии во Собранието на која би се разговарало за сите детали за одржување заеднички избори во мај следната година. Според премиерот, има доволно простор во еден мандат да се одржат два избора, претседателски и парламентарни. Ковачевски најавува и промена на изборниот законик.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи истакна дека изборите треба да се одржат заедно со цел администрацијата да не се ангажира три пати за избори. Според Османи, организирањето на изборите не е лесна работа и има трошоци.

реклама

„Од логистички и финансиски причини, како и да не заморуваат луѓето премногу, сметаме дека е попрактично да бидат заедно. Сега треба да ја задолжите  администрацијата, да ја ангажирате во изборните комисии и двапати, или ако има два циклуса, два изборни круга, три пати паѓа на администрацијата да се појави на избори. Ги терате луѓето да гласаат три пати. Не е лесна работа, трошоци..“, вели Бујар Османи.

За техничкиот премиер, кого ќе го предложи ДУИ, Османи вели дека веќе почнале да анализираат одредени имиња, но без да прецизира кој е во игра.

реклама

Првиот вицепремиер Артан Груби вчера истакна дека изборите ќе се одржат во мај. Според него, техничката Влада треба да почне да функционира некаде кон крајот на јануари.

„Се очекува техничката влада согласно договорот меѓу политичките партии да се реализира некаде на крајот на јануари. Не ме земајте за збор за зададениот датум. Има доволно простор на почетокот на мај да се одржат претседателските и парламентарните избори заедно, односно во вториот круг од претседателските избори“, вели Артан Груби.

реклама

Опозициските партии, ВМРО-ДПМНЕ и албанскиот опозициски фронт, континуирано повикуваат на заеднички избори. Причината за тоа е што меѓу два пара избори има многу краток временски рок од само еден и пол месец.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

МИТ го неутрализираше Фахретин Толун, наводно еден од одговорните во терористичката организација ПКК

Следно

Алтман бил избркан затоа што премногу далеку стигнал со ВИ

Latest from Blog

Меџити: Урбаната трансформација во Чаир не запира

Во општина Чаир денеска завршува реконструкцијата на улицата бр. 9 на булевар „Мидхат Фрашери“, со поставување на завршниот слој асфалт. Ова е само еден од шесте инфраструктурни проекти кои паралелно се реализираат

Откритие во Перу: Цртежи на храм-пирамида ја раскажуваат приказната за егзодусот на најстарата американска цивилизација

 Имено, како што објави „Гардијан“ (Guardian), тимот предводен од познатата перуанска истражувачка Рут Шејди тврдат дека пред околу 4.200 години, остра суша го принудила населението да ја напушти древната град-држава Карал. Цивилизацијата

Бејби Фуд Фактори ја започнува платформата „Здрава исхрана од мали нозе“

Сеопфатна иницијатива за општествена одговорност посветена на превенција на детската дебелина Скопје, 6 ноември 2025 – Бејби Фуд Фактори, членка на групацијата Нелт и производител на брендот Нутрино, како водечка компанија во

Протест пред албанскиот Парламент против предлог-законот за родова еднаквост

Протестот е во организација на Албанската коалиција за семејство и живот, а учесниците носеа транспаренти на кои пишуваше, „Пратеници, не гласајте против децата“, „Предлог-закон за родова еднаквост, антисемеен“, „Држете ги рацете подалеку
Go toTop