Движење ЗНАМ со серија прес конференци за градоначалникот на СДСМ од општина Центар Герасимовски

October 2, 2025
1 min read

Денес почнуваме со серија на прес конференции со кои ќе го разобличиме навидум невиното, скромното и наивното лице на Градоначалникот на СДСМ од општина Центар, Горан Герасимовски, објави рече портпаролот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Никола Мемов.

„Четири години општината беше заложник на неспособноста, дволичноста и хипокризијата на Горан Герасимовски, кои се главни карактеристики на СДСМ во практикување на власта.
Наместо ред – безредие.
Наместо законитост – дивоградби.
Наместо грижа за граѓаните – грижа за лични и партиски интереси.
Дури и училиштата на нашите деца ги претвори во жртви на неговата неспособност.
Нема ништо поважно од безбедноста на нашите деца.
Но за жал, во изминатите четири години, градоначалникот на СДСМ Горан Герасимовски ја претвори Општина Центар во полигон за дивоградби – дури и во училиштата.
Наместо да обезбеди здрави и сигурни услови за нашите најмлади, дозволи импровизации и незаконски градби што го загрозуваат нивното секојдневие“, потенцира Мемов.

Тој постави прашања: Го прашуваме градоначалникот на СДСМ, Герасимовски:
• Зошто децата во основното училиште „Коле Неделковски“ од 1 септември годинава учат во дограден и надграден објект, за кој не е извршен технички прием и за кој нема правосилно решение за измени во тек на градба?
• Дали децата во ОУ „Коле Неделковски“ учат во дива доградбa?
• Дали катноста на училиштето не одговара на урбанистичкиот план во тој дел од Центар?
• Дали со цел да се заобиколи законот, извршена е промена на намената на простории од училници во т.н. „технички простории“?
• Дали во тие „технички простории“ денес се изведува настава за нашите деца?
• Дали договорите за градба склучени меѓу Општина Центар и изведувачот „Вардарградба ДОО Скопје“ во 2023 и 2024 година, во вредност од над 45 милиони денари или 735.000 евра, а според засегнатите и над 850.000 евра, содржат повреди на тендерската постапка?

Додека секој граѓанин мора строго да ги почитува процедурите за градба, изгледа дека за Општина Центар тоа не важи – дури и кога станува збор за објекти во кои учат нашите деца. Ова е врв на безобразие и лицемерие, наместо да обезбеди безбедни услови за учениците, Герасимовски дозволил доградби и надградби без технички прием и без правосилни решенија, додаде Мемов и праша:

Со кој морал Герасимовски и со кое право се фали со „успешни проекти“, кога во реалноста ги става децата во ризик и ја гази законитоста?!

Ова ли е визијата за Центар, импровизирани училници, дивоградба и злоупотребени пари на граѓаните?!

Наивноста и скромноста што сака да ја демонстрира Герасимовски се само маска. Зад таа маска се крие човек кој во 4 години мандат дозволи дивоградби, незаконитости, нетранспарентни тендери и непочитување на елементарни процедури. Затоа на 19 октомври ова ќе прекине! Граѓаните ЗНААТ, и Центар ЗНАЕ, потенцира во Мемов.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски најавува нови проекти за подобрување на животот на пензионерите

Следно

Костовски: Во Бутел се изградија 102 улици во вредност од 320 милиони денари, ветувањата се реализираат!

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop