Двете лица на ЈО и судството: Груби со „обичните“ смртници, нежни со Груби

February 24, 2026
1 min read

Вчерашното апсење на некогашниот моќник Артан Груби, предизвика бран реакции во јавноста, но огромна лавина предизвика синоќешната одлуката на Обвинителството и на Судот, наместо во „Шутка” како што се бараше претходно, Груби да биде спроведен во домашен притвор.
Многумина се прашаа: Груби е само некогашен моќник или и сегашен? И зошто обинителството и судот играат грубо со други обвинети, а е нежно со Груби?

Реагираа и партиите:
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека го разбираат револтот на граѓаните кон правосудството со „два отсто доверба”, но вината ја лоцираат во, како што велат, „седумгодишната агонија под политичка тортура на СДСМ-ДУИ”. Тие порачуваат дека времето на неказнивост завршило и дека Груби ќе одговара. За исплашената СДСМ пак куќниот притвор е доказ за наводен договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и дека правната држава е погребана, а ова е однапред договорено и изрежирано.

На социјалните мрежи реагираа и поранешни судии. Владимир Туфекџиќ побара еднаков третман за високите политичари и за обичните граѓани, додека Владимир Панчевски иронично праша зошто Судот на Груби не му одредил и негователка.

Се огласија и дел од осудените од случајот „27 април”, при што Јане Ченто напиша: „Јас 28 месеци во притвор, Груби дома”.

А граѓанските коментари на социјалните мрежи се полни со сарказам од типот: „Го уапсија за да го однесат дома”.

Утрово се огласија и од Обвинителството. За нив мерката притвор е исто дали се издржува во затворска установа или дома со 24-часовен надзор.

Инаку, Груби беше упасен вчера наутро на граничниот премин Блаце, откако сам се појавил, по повеќемесечно бегство од декември 2024 година, кога беше отворена истрага за злоупотреба на околу 8 милиони евра во Државна лотарија.

ПРВАСКОПСКА.МК

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава за пет лица поради нелегална сеча и транспорт на дрва

Следно

Велика Британија воведува санкции против „Транснефт“

Latest from Blog

Николоски: Градежништвото бележи историски раст од речиси 22 проценти

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото бележи раст од речиси 22 % споредено со истиот период минатата година. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање, истакна

Проданоски: „Старо Бонче“ заслужува да биде меѓу најзначајните археолошки локалитети во Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го посети археолошкиот комплекс „Старо Бонче“, каде во изминатите десетина дена интензивно се реализираат систематски археолошки истражувања. Проданоски се запознал со текот на истражувањата и досегашните

Израелски министер: Единствено решение е иселувањето на Палестинците од Газа

Додека Бен-Гвир тврди дека станува збор за промовирање на доброволно егзодус, претходно објавениот план предвидуваше присилно раселување на милиони Палестинци, пренесува Анадолу. Детали за објавата Во објава на социјалната мрежа X, Бен-Гвир
Go toTop