Две македонски општини меѓу 15 кои се вклучени во регионален проект за подобрување на условите за лица со попреченост

May 14, 2025
3 mins read

Валандово и Демир Капија се дел од четиригодишен регионален проект „Зајакнати / Empowered“ – за инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој, во кој се вклучени 15 општини од Западен Балкан. Целта на проектот е унапредување на положбата на лицата со попречености преку поддршка за вработување, зајакнување на локалните иницијативи и развој на инклузивни политики и директно ќе влијае на околу 1500 луѓе со инвалидитет од проектните општини во земјите на Западен Балкан.

Носител на проектот, кој веќе се спроведува шест месеци, е германската невладина организација Arbeiter-Samariter-Bund Deutschland e.V. (ASB) со финансиска поддршка од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија. ASB за Југоисточна Европа денеска во Скопје организираше конференција за претставување на целите на проектот, во соработка со нашето Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Елмир Бојаџиќ, регионален директор на ASB за Југоисточна Европа, изјави дека проектот се занимава со проблемите, предизвиците и можностите на организации и луѓе со инвалидитет на просторот на Западен Балкан и е поддржан од ресорните министерства на шесте земји, од донатори и од структури на ЕУ, ОН и ГИЗ.

-Така што, очекуваме широка поддршка за оваа ранлива популација, но преку нивна инклузија на начин на каков што тие сакаат и да им порачаме дека не се сами. Се надеваме дека ќе успееме ова да го поткренеме и на политичко ниво и барање политичка поддршка за да им го олесниме животот на поединците и организациите за лица со попреченост, изјави Бојаџиќ.

Немаат споредбена анализа за остварената инклузија на овие лица во сите шест земји на Западниот Балкан, но, рече, заклучиле оти „помалку или повеќе ситуацијата и проблемите се многу слични“, посочувајќи дека заеднички се проблемите со пристапност до објекти, инклузија во образованието и преквалификации и обуки за овие луѓе со кои ќе стекнат вештини за да може да се вработат.

-Некаде општеството е поинклузивно, некаде е помалку и се трудиме тоа барем да го унифицираме. Она што нас нѐ интересира е како средствата што им припаѓаат на лицата со инвалидитет преку разни национални фондови, всушност, им се враќаат на тие луѓе. Нам тоа ни е цел и помалку се занимаваме со статистика затоа што секаде имаме доволно на коишто ова им треба. Нашата примарна намера е да ја кренеме свеста за потребата од основање реални фондови во кои парите од разни извори навистина ќе бидат потрошени за лицата со инвалидитет. Во исто време, охрабрувајќи го и приватниот сектор да ги прими на работа овие луѓе, не само во законски пропишаната квота, туку и повеќе од тоа, да вработи луѓе што, секако, ќе бидат добри работници и тие луѓе да не останат на страна, истакна Бојаџиќ.

Во рамки на нашите проектни општини, Валандово и Демир Капија, рече дека ќе се работат два проекта што се фокусираат на лица со попречености и нивната вкупна вредност е околу 70.000 евра.

-На работилници ќе разговараме какви ќе бидат проектите, да видиме што всушност сакаат јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор, што е нивниот интерес. Ние нема да наметнуваме решенија туку тие самите, заедно со лицата со инвалидитет и нивните организации, ќе кажат што е тоа што ним им треба, додаде регионалниот директор на ASB за Југоисточна Европа.

Конференцијата ја отвори заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски кој изјави дека се благодарни што се партнери на вакви организации кои се, рече, „стабилни и имаат систем на поставување на работите“.

Тој посочи дека Министерството е во постојана комуникација со националните сојузи на лица со попречености и со невладини организации кои имаат идеи и добри практики и дека Владата има и програма за мерки и услуги и стратегии со рокови за имплементација.

Конкретно, за инклузијата на оваа категорија луѓе при вработување тој смета дека може уште да се унапредува и дека се подготвува целосно нов закон со кој ќе се редефинира функционалноста на овие лица за вклучување на пазарот на трудот.

-Една комплетна мерка, затоа што денес имаме различни комисии на доктори – дали за деца со посебни потреби, дали за лица, и сите даваат различни мислења. Сега се работи на комплетен систем кој од почеток до крај ќе го следи корисникот за да биде дел од пазарот на трудот … Иако и со Законот за работни односи нема пречка за одредено лице со хендикеп да биде вработено во институциите, посочи Велковски.

За своите потреби и предизвици со кои се соочуваат се осврнаа претставници од земји од регионот. Според Африм Малиќи од „Хендикос“ – Приштина, оваа конференција е важна за размена на искуства меѓу земјите од регионот.

-И покрај заложбите на актуелната и претходните влади на Косово за подобрување на условите за овие лица, тоа сѐ уште не е доволно во многу сфери во животот. Имаме закони и упатства, но, за жал, не се применуваат во доволна мера. Покрај бариерите, има и други предизвици, како набавка на асистивна опрема, проблеми во образованието итн. и сето тоа влијае и на вработувањето, изјави Малиќи.

Горан Леовац од Дневен центар за деца со пречки во развојот и лица со попречености од Плевља, Црна Гора, изјави дека овој четиригодишен проект се очекува ним да им донесе инфраструктурни промени, нова опрема и дополнителни услуги во нивната локална заедница.

-Така што ова е многу добра работа. Што се однесува до законите по овие прашања кај нас, тие се речиси идеални, но нивната имплементација каска како и секаде во регионот и, за жал, далеку сме сѐ уште од тоа да бидеме некое инклузивно општество, рече Леовац.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

24 тема “Министер за здравство“ : Кој, како и кога раководеше со ресорот

Следно

Собранието го изгласа новиот Закон за енергетика

Latest from Blog

Петрушевски: Со злоупотреба на службена положба преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање
Go toTop