Две лица загинаа, а најмалку 28 се повредени во пукање во Балтимор

July 2, 2023
1 min read

Пукањето се случило нешто по полноќ по локално време во кварт во Балтимор каде што во моментот биле собрани стотици луѓе на настан наречен „Ден на Бруклин“ кој се одржувал секоја година. Во нападот загинаа 18-годишна тинејџерка и момче на возраст од 20 години

Две лица се убиени, а најмалку 28 други се повредени во масовно пукање во градот Балтимор во американската сојузна држава Мериленд, соопшти тамошната полиција, пренесе Си-ен-ен.

Во нападот загинаа тинејџерка на 18-годишна возраст и момче на возраст од 20 години.

Девет лица се префрлени во болница од страна на итната помош, додека 20 повредени пеш отишле во околните здравствени установи. Тројца од повредените се во критична состојба.

Пукањето се случило нешто по полноќ по локално време во кварт во Балтимор каде што во моментот биле собрани стотици луѓе на настан наречен „Ден на Бруклин“ кој се одржувал секоја година.

Очевидци на настанот велат дека се слушнале 20 до 30 истрели.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство и дека засега не е познат мотивот за нападот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Норвешки политичар приведен поради кражба на очила за сонце

Следно

Управата на Сити подготвува 100 милиони евра за големата желба на Пеп Гвардиола

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop