Двајцата кандидати гласаа во вториот круг од претседателските избори во Романија

May 18, 2025
1 min read

Двајцата кандидати во вториот круг од претседателските избори во Романија, крајниот десничар Џорџе Симион и независниот кандидат, градоначалникот на Букурешт Никушор Дан, гласаа на изборите.

Симион дојде на избирачкото место заедно со крајниот десничар Калин Џорџеску, кој победи во првиот круг од претседателските избори во ноември, а кој беше поништен од Уставниот суд на Романија поради наводно руско мешање во изборниот процес, што Москва го негираше.

Симион и Џорџеску сакаа да дадат изјави на избирачкото место, но полицаец ги замоли да си заминат, пренесе порталот Digi24.

– Гласавме за нашата иднина да ја одлучуваат само Романци, за Романци и за Романија“, изјави Симион по гласањето, наведувајќи дека гласал „против неправдите направени на романскиот народ“ … „против злоупотребата и сиромаштијата“.

Во денешниот втор круг од претседателските избори во Романија до 13:00 часот по локално време гласале 31,93 проценти од гласачите, соопшти изборната комисија

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Михаилов: Се прават заштитни обрачи низ шумите, за нивна заштита од пожари

Следно

Ехо од истокот – годишен концерт на КУД „Дримкол“ во Вевчани

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop