Двајца вработени во израелската амбасада застрелани во центарот на Вашингтон

May 22, 2025
1 min read

Двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон, маж и жена, се убиени  пред Еврејскиот музеј. Осомничениот 30 годишниот Елиас Родригез од Чикаго призна дека убил израелски дипломати, тврдејќи дека го направил тоа „за Газа“.

Нападот се случил додека двајцата дипломати си заминувале од настан во музејот, а напаѓачот пукал во нив од блиску. Мажот починал на самото место, додека жената, откако била однесена во болница во критична состојба, починала од повредите. Жртви на нападот се Јарон Лизински, 28-годишен вработен во политичкиот оддел на израелската амбасада во САД и Сара Милграм.

Откако го извршил нападот, осомничениот се обидел да влезе во зградата на музејот, преправајќи се дека е сведок на пукањето. Побарал помош од обезбедувањето на музејот пред да одлучи да и се предаде на полицијата. Убиецот наводно чекал полицијата да пристигне  пред да ја преземе одговорноста за нападот, велејќи дека го сторил тоа во знак на протест против израелската политика. Според полицијата осомничениот го признал нападот по апсењето. 

„За време на испрашувањето рекол дека пукал „за Палестина“. Го извршил делото како протест против израелската политика. Осомничениот немал претходна историја на проблеми или контакт со полицијата.“ – Памела Смит шеф на полицијата во Вашингтон.

Јарон и Сара беа наши пријатели и колеги. Тие беа во својот најдобар период. Целиот персонал на амбасадата е скршен и потресен од нивното убиство. Нема зборови со кои може да се опише длабочината на нашата тага и ужас поради оваа ужасна загуба, соопшти израелската амбасада во Вашингтон. Израелскиот амбасадор во САД изјави дека младиот човек кој беше убиен „купил прстен со намера да ѝ предложи брак на својата девојка во Ерусалим следната недела“. Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди пукањето, нарекувајќи го ужасно. 

„Овие ужасни убиства што се случија во Вашингтон, јасно засновани на антисемитизам, мора да престанат, СЕГА!.  Омразата и радикализмот немаат место во САД. Сочувство до семејствата на жртвите. Жално е што вакви работи се случуваат! Бог да ве благослови сите!“ – Доналд Трамп претседател на САД. 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рече дека е шокиран од убиствата.

„Срцето ме боли за семејствата на младиот маж и младата жена чии животи беа прекинати од ова гнасно антисемитско убиство. Наредив зголемени безбедносни мерки во израелските мисии низ целиот свет, како и за владини претставници.“ – Бенјамин Нетанјаху премиер на Израел.

Убиството во Вашингтон се случува во време на интензивни израелски напади во Појасот Газа во кои има стотина загинати, и во време на меѓународна осуда за спората дозвола од Израел да дозволи пристап на хуманитарна помош.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ревизорски извештај за хематологија: Лековите за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција

Следно

Професор Марковски: Во Македонија доаѓа време на реконструкција на старите дотраени мостови

Latest from Blog

Во Албанија за една деценија 112 илјади ученици помалку

– Податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во 2015 година имало 362 илјади ученици во предуниверзитетско образование, додека во учебната 2024-2025 година 250 илјади. 112 илјади ученици помалку во предуниверзитетско

Инцидентите во Белград синоќа стигаат на наплата: Србија ја пречекува Албанија пред празни трибини?

Репрезентацијата на Србија синоќа на домашен терен на „Рајко Митиќ“ доживеа дебакл од 0:5 против Англија во рамките од новото коло од квалификациите за следниот Мундијал. Се случија неколку инциденти на самиот

ВИДЕО: Воз што превезувал гас експлодираше во главниот град на Литванија

Вилнус, главниот град на Литванија, денес издаде наредба за евакуација на жителите во радиус од еден километар од железничката станица, откако воз што превезувал течен нафтен гас (LPG) се запалил и експлодирал

Успешно завршен проект за водоснабдување на ул. „Сру“ во Битола

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола успешно го заврши проектот за изградба на нова водоводна линија на улицата „Сру“ бр. 5. Во рамки на проектот се поставени современи полиетиленски цевки со нови

Формиран е Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за
Go toTop