Двајца грчки поранешни министри се вмешани во злоупотреба на земјоделските фондови на ЕУ

June 20, 2025
1 min read

Европското јавно обвинителство (ЕППО) проследи информација до Парламентот на Грција за наводна вмешаност на двајца поранешни министри во измама со земјоделските субвенции од Европска Унија.

Брисел пред неколку дена ја казни Грција со 400 милиони евра поради повеќегодишната измама со средствата на ЕУ за земјоделството. Грчки граѓани со години добивале субвенции врз основа на фиктивни договори за сопственост или наем на земјиште, а ништо не произведувале. Поради оваа измама Владата на Грција ја затвори Агенцијата одговорна за доделување на повеќе милијарди земјоделски субвенции од ЕУ.

Во соопштението на ЕППО не се наведуваат имињата на грчките министри, но според неименувани извори станува збор за Макис Воридис, кој беше министер за земјоделство од 2021 до 2023 година и Лефтерис Авгенакис, кој ја извршуваше истата функција во периодот од 2023 до 2024 година.

Согласно грчките закони, само Парламентот има овластување на истражува и кривично да гони активни и поранешни владини членови, што ЕППО, кое е формирано да ги истражува злоупотребите на фондовите од ЕУ, нема овластување да иницира такви случаи во Грција.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје и ќе бара негово разрешување

Следно

Бленди Ходаи: Националната агенција се претвора во алатка за дискредитација наместо партнер на младите

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop