Дваесетгодишна Американка стана најмладата градоначалничка во историјата на САД

January 26, 2026
1 min read

Гратчето е познато по годишниот Фестифал на пржени животински тестиси, во противпожарната станица во март (еден од неколкуте ширум САД и светот), но и по тоа што минатиот ноември, граѓаните ја избраа 20-годишната Ева Фипс како најмладата градоначалничка во САД денес, но и воопшто – во историјата на земјата.

– Не мислев дека ќе бидам дел од американската историја, мислев само да го водам мојот мал град, но сум толку горда на себе што „не се заглавив“, не се преоптоварив со тоа, изјави Фипс за  „Ју-ес-еј тудеј“ (USA Today). 

Девојката на изборите го победи својот 45-годишен противник, инаку возач на камион, по име Скот Шонделмајер, со 31 наспроти 19 гласови. Нејзината победа е дел од националниот тренд во САД во корист на Зет-генерацијата – таа е меѓу мноштвото новоизбрани или назначени помлади градоначалници кои се во третото десетлетие од својот живот. Меѓу нив се и 22-годишниот „татко“ на Гарден Сити во сојузната држава Канзас – Том Нгујен, и 24-годишниот Сем Бигам, првиот човек на Карнеги, Пенсилванија.

Веројатно најпознатиот во оваа смисла е градоначалникот на Њујорк – 34-годишниот Зоран Мамдани.

Додека Фипс растела во државата Њујорк, нејзините родители се разделиле. Нејзиниот татко – ветеран од Американската армија се вратил во својата родна Ајова, па младата девојка ја убедила мајка сѝ да ѝ дозволи да се пресели во Ајова и таму да заврши средно училиште.

– И јас сум тука речиси оттогаш. Луѓето се пољубезни во овие области, а образовните можности беа пообилни. Се заљубив во тоа, рече Фипс.

Така, таа го посетувала тамошното високорангирано средно училиште, а матурирала во 2024 година. Подоцна истата година, во „нејзиниот“ Њујорк, очувот на Фипс – бизнисмен и нејзин ментор и водач, починал од ненадејна болест, што ја натерало, вели, да се заложи и да му помогне на гратчето Хендерсон. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Охрид на мапата на имплантологијата: Разговор на emagazin со спец. д-р Небојша Баткоски

Следно

Кели Брук: „Докторот ми понуди инјекција за слабеење, но не се откажувам од моите облини“*фото(

Latest from Blog

Проданоски упати честитка за Илинден: Само сплотени можеме да ги надминеме предизвиците

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката и големиот христијански празник Свети Илија, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Проданоски

Борнмут е посилен за Антонио Силва

Во пресрет на новата Премиер лига сезона, тимот на Борнмут се реши да се засили со нво играч од Португалија. Се работи за досегашниот член на тимот на Бенфика, Антонио Силва, кој

Стара Водејнца – вкусот на традицијата во срцето на Јабланица

Во живописното подножје на планината Јабланица, помеѓу селата Октиси и Вевчани, се наоѓа ресторанот „Стара Водејнца“ – вистински гастрономски бисер кој со години ги освојува срцата на домашните и странските посетители. Опкружен

Погоден танкер во Ормускиот теснец

Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ
Go toTop