Два посилни земјотреса утринава ја погодија централна Турција

February 15, 2023
1 min read

Двата земјотреса – првиот со јачина од 4,2, вториот со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала – утринава ја погодија централна Турција. Освен од овие два, овој регион утринава е погоден и од низа земјотреси со послаб интензитет

Во период од околу еден час централна Турција утринава беше погодена од два посилни и низа земјотреси со послаб интензитет.

Првиот посилен земјотрес што утринава ја погоди Турција е со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, а е регистриран во 9:25 часот по локално време.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека земјотресот бил на длабочина од пет километри, а е регистриран на 66 километри северозападно од градот Кахраманмараш – еден од градовите кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари.

Извор: Европски медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ)

Вториот посилен земјотрес што ја погоди централна Турција утринава е со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала и е на длабочина од пет километри. Земјотресот, според ЕМСЦ, е регистриран во 10:36 часот по локално време на 66 километри северозападно од градот Кахраманмараш, а 6 километри западно од Гексун.

Извор: Европски медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ)

Освен земјотресите со интензитет од 4,2 и 4,7 степени, утринава централна Турција е погодена од низа послаби земјотреси чии интензитети се движат во интервал од 3 до 3,5 степени според Рихтеровата скала.

Минатата недела Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван и во Сирија. Како последица на земјотресот досега во двете земји се пријавени над 41 000 загинати, а илјадници други се повредени.

Според процените на Обединетите нации, бројот на загинати во земјотресот би можел да надмине 50 000. Станува сѐ помалку веројатно дека спасувачите би можеле да најдат уште преживеани под урнатините.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема повеќе хартиени картички: Паркингот кај Градска болница доби надградба на системот

Следно

Џо Бајден и Џенет Јелен предупредија на економска криза во САД доколку не се зголеми лимитот на јавниот долг

Latest from Blog

Мбапе и Вини го “средија“ Алавес, ама фановите на Реал со свирежи кон „ѕвездите“!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/ Реал Мадрид – Алавес 2:1 е исходот од вечерашниот меч од 33.коло во Ла Лига. Иако гостите во неколку наврати опасно се заканија, сепак „кралевите“ успеаја да дојдат до трите бода

Ниту американска ниту иранска делегација не отпатува на разговори во Исламабад

И покрај најавите дека американска и иранска делегација ќе допатуваат во Исламабад на втор круг преговори, тие досега не пристигнаа во Пакистан. Си-ен-ен (CNN) повикувајќи се на неименувани извори објави дека засега

Се постапува по препораките на ДПИ, прекинато е студирањето на седум магистранди и на четворица докторанди, велат од Филозофски

Раководството на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) денеска соопшти дека го прекинува студирањето на седум студенти на магистерски студии и на четворица на докторски студии по констатирани нерегуларности.
Go toTop