Два авиони на скопскиот аеродром за една недела удрија во јато птици

August 10, 2025
1 min read

Во средата, околу 18 часот, авион од типот „Ербас А320-232“ на авиокомпанијата „Визер“, на лет од Скопје кон Базел, веднаш по полетувањето се вратил и слетал на аеродромот откако удрил во јато птици.

Според првичните информации, најверојатно поголема птица предизвикала вибрации на еден од моторите поради искривување на перките. Иако двата мотора работеле нормално, капетанот, следејќи ги стандардните безбедносни процедури, одлучил од претпазливост да го врати авионот. Патниците излегле без прогласување на вонредна состојба, а леталото останало приземјено.

Неколку дена после првиот инцидент, на раниот утрински лет за Виена, авион на „Аустриан ерлајнс“ од истиот тип „Ербас А320“ имал блиска средба со јато птици. Инцидентот се случил околу 4:30 часот, при што екипажот го прекинал полетувањето додека авионот бил на пистата и се вратил кон терминалот. Летот бил реализиран со четиричасовно задоцнување.

Службите на концесионерот ТАВ, задолжени за оддалечување на птиците од аеродромските писти, користат специјални воздушни топови за плашење, но е забележано зголемено присуство на птици кои сè повеќе се адаптираат на мерките.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средбата со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески

Следно

Голем пожар кај Атина: Еден загинат, стотици евакуирани

Latest from Blog

Николоски по изјавата на Лосон: Како меур од сапуница се распрсна лагата за „мигранти за пари“

Вистината е секогаш најлесна…” фраза која често ја користам. Само кога се кажува вистината се стига до целта! Некогаш потешко, но секогаш сигурно! Денес како меур од сапуница се распрсна лагата на

Сопругот на починатата Ивана Јовановски останува во притвор уште осум дена

Основниот Кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство за сопругот на починатата Ивана Јовановски и му го продолжи притворот за уште осум дена за истите основи – опасност од бегство

Јамал ја носи Барселона кон титулата (ВИДЕО)

фото: Barcelona (X) Со победата на гостувањето во Билбао, Барселона направи нов чекор кон шампионската титула. Каталонците славеа со минимални 1:0 и по оваа победа имаат четири бода повеќе од првиот и
Go toTop