Дувњак: Играм со една нога, соиграчите ми даваат сила да продолжам

January 28, 2025
1 min read

Легендарниот Домагој Дувњак разговараше со медиумите после победата на Хрватска над Словенија, со која „каубоите“ обезбедија учество во четвртфиналето на ракометниот Мундијал, изјавувајќи дека играл со последниот атом на силите и упати благодарност до своите соиграчи.

Хрватска во тензичен натпревар успеа да го надигра соседите и ја оствари целта, а искусниот Дувњак играше повреден и „стисна заби“ кога беше најпотребно.

„Имавме катастрофален почеток на натпреварот. Се радувам што успеавме да се вратиме до крајот на првиот дел. Ова се многу тешки мечеви, особено пред своја публика.

Бевме како блокирани првите десет минути, а тоа беше мал шок после нашето издание со Исланд, кога летавме по теренот. Мислам дека клучен беше кам-бекот во првото полувреме.

Ако имавме негатива од 3-4 гола, веројатно немаше да победиме. Се мачев, играв повреден. Не е добро, листот не е добар, ја влечам ногата. Практично, трчам на една нога и се надевам дека нема да биде уште полошо.

Терапиите малку помагаат, тука се и медицинските лица и физиотерапевтите, кои даваат максимум од своите можности. Ме мотивираат соиграчите, тие се фантастични“, изјави Дувњак.

Хрватска и Унгарија попладнево од 17:30 часот ја отвораат четвртфиналната програма на Мундијалот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Птици на Рајот“ – Најголемото светско засолниште за птици во Јужна Африка

Следно

Препораки за Македонија од Советот на Европа: Ревизија на Уставот

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop