Дурмиши: СДСМ се служи со лаги и невистини, инспекторите од ДИТ се превземени во Министерството за економија и труд, исплатени им се сите заостанати плати

March 5, 2025
1 min read

СДСМ повторно се служат со лаги и невистини. Вработените во Државниот
инспекторат за труд да не се грижат!, објави на својот Фејсбук, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на обвинувањата на СДСМ дека вработените во Државниот инспекторат за труд работат на црно.

Согласно измените и дополнувањата на Законот за инспекциски надзор,
Министерствата се должни најдоцна во рок од 3 месеци од денот на влегување во сила на Законот да ги превземат правата и обврските со превземањето на Инспекторатите.

Исто така согласно член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.22/25, a се преземаат во министерствата во чии рамки продолжуваат да работат во овој случај сите вработени од Државниот инспекторат за труд а согласно Одлука за преземање на вработени по сила на закон се одјавени на 28 февруари 2025 година, а ќе бидат пријавени како вработени во Министерството за економија и труд со 1 март 2025 година, односно немаат прекин на работниот однос и нема да имаат.

Бидејќи се работи за обемна бројка како и одјави кои треба да се процесуираат по градови потребно е време, сите податоци односно одјави пријави се доставени во АВРМ и започнато е со одјава па потоа со пријава поединечно за секој вработен.

На вработените во Државниот инспекторат за труд денеска им беа исплатени платите за месец јануари 2025 година, додека платата за месец февруари ќе биде исплатена во законски утврдениот рок до 15 март.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Премиерот дециден: Доколку работниците и работодавачите се договорат за 30 илјади денари минимална плата, со целосно подмирени трошоци од работодавачите, ние тоа ќе го прифатиме и немаме против

Следно

Тажна вест: Почина македонски продуцент Панче Мижимаков

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во
Go toTop