Дурмиши контра Мицкоски: „Ќе ги ограничиме профитните маржи и цените“

December 25, 2024
1 min read

Доколку трговците нe покажат поголема општествена одговорност и не ги намалат цените на основните производи кои не се во Новогодишната кошница ќе донесеме поригорозни мерки како ограничување на профитни маржи и цени, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Оваа изјава на Дурмиши е во спротивност со денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој најави поригорозни мерки од ограничување на маржите и замрзнивање на цените на производите, но не соопшто кои се тие поригорозни мерки.

Како што истакна на денешната прес – конференција, екипите на Државниот пазарен инспекторат се на терен и прават анализи како се движеле цените во изминатите три месеци. За два до три дена ќе завршат анализите по што ќе де донесе одлука дали ќе се донесат поригорозни мерки. Дурмиши ги повика трговците да ги коригираат цените на најпотребните производи во овој период на празници.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започна реконструкцијата на коловозот до манастирот Пеленица- следат низа вакви проекти низ општините

Следно

ВАСИЛИЧАРСКИОТ КОНЦЕРТ ВО ОПЕРАТА ЌЕ СЛАВИ 30 ГОДИНИ СО СОЛИСТИ ОД ШПАНИЈА НА 11 И 13 ЈАНУАРИ

Latest from Blog

Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак

Објавата уследи откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на

Ќе ги отстрани ли некој питачите на семафори: Загрозуваат безбедност, а казните се 15 евра

Конкуренцијата на питачи на раскрсниците низ Скопје се зголеми во последните месец дена и со тоа се зголеми и ризикот по сите учесници во сообраќајот. До неодамна само на две-три раскрсници имаше
Go toTop