Дурмиши: Јас сакам минималната плата да биде и 600 евра

November 27, 2024
1 min read

Синдикатите и натаму бараат зголемување на минималната плата на 450 евра, за подобрување на животниот стандард.

Министерот за економија Бесар Дурмиши рече дека предвидени средства за зголемување на минималната плата има околу 2000 денари, и на тој начин минималната плата може да изнесува најмногу 24.500 денари, или нешто помалку од 400 евра.

На прашање на ТВ21, Дурмиши одговори дека посакува да биде и повисока – 600 евра.

„Јас сакам минималната плата да биде и 600 евра. Реално, бараањето е 450, и јас сакам да биде 600. Но, да ги погледнеме сите засегнати страни и да се отвори оваа тема на почетокот на декември. Да ги видиме и можностите на Владата и дали има можност. Исто така ќе бидат разгледани и барањата на работтодавачите, затоа што и тие се засегнати од ова барање. На крајот ќе донесеме заедничка одлука“, рече Дурмиши.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

За градоначалникот на Бутел Костовски нема одмор: Љуботен и Љубанци се приклучуваат на водоводната мрежа на град Скопје

Следно

Европскиот парламент ја одобри новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу

По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиштето за рециклирање отпад  во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево,
Go toTop