ДУИ: Загрижени сме од континуираните обиди на Мицкоски да се наметнува како тутор на политичката сцена 

May 4, 2025
1 min read

ДУИ била загрижена од континуираните обиди на Мицкоски да се наметнува како тутор на политичката сцена. Во партиското соопштение реакција на изјавата на Мицкоски, се вели дека туторството на Мицкоски  претставувало опасен и неприфатлив обид за реконфигурирање на политичката волја на албанските гласачи. Ова е црвена линија што никогаш досега не е премината – и што никогаш нема да биде дозволено да се премине, се наведува во соопштението.

Никој, а најмалку Христијан Мицкоски – политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам – нема ниту морален, ниту политички легитимитет да го дизајнира албанското политичко претставување. 

Албанското политичко претставување произлегува исклучиво од волјата на граѓани Албанци– автентично, достоинствено и слободно. Тоа не е предмет на пазар, дизајн или политички инженеринг од политичари кои неспособноста да раководат ја покриваат со омраза и се плашат од мултиетничноста наместо да ја прифатат како вредност. Мицкоски не е и никогаш нема да биде тутор на политичко претставување на Албанците, велат од ДУИ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчестер Јунајтед постави клупски рекорд

Следно

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неминовно 

Latest from Blog

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во
Go toTop