ДУИ во Тетово ја обвинува општината за мобинг – Касами вели дека директорот на „Истибаг“ немал притисоци за да си даде оставка

December 13, 2023
1 min read

реклама


Советниците на ДУИ во Тетово обвинуваат дека општина Тетово ги користи институциите за политичко пазарење. ДУИ во Тетово бара да преземат мерки бидејќи, како што велат, биле извршени уцени и мобинг врз поранешниот директор на ОУ „Истикбал“, Зија Адеми.

Јавно го прашуваме градоначалникот на Тетово, во која улога го ангажирал Садат Сулимани во општина, како шеф на инспекторатот или како човек кој врши притисок врз вработените во образованието за да ги реализирате политичките договори со вашите коалициски партнери? Како смете училиштата и најважните функции на училиштата да ги гледате како работни места и да го смените кадарот кога на вас ке ви текне или кога така бара вашиот коалициски партнер“, порача Сали Елмази.

реклама

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, ваквите обвинувања ги нарекува политички а додаде дека директорот немал притисоци и можел да не даде оставка.

Воопшто нема притисок бидејќи директорот можеше да не поднесе оставка и тоа можел да го пријави и  во министерство  и министерството знаејќи дека и државниот инспекторат е во рамките на министерството, можеше да постапи по овој случај. Станува збор за класична политичка злоупотреба на ситуација која е оставка како и многу други оставки“, порача Биљал Касами.

реклама

Поранешниот директор на училиштето „Истикбал“ Зија Адеми вчера за ТВ21 изјави дека бил принуден да си поднесе оставка, а барањето му било упатено во име на градоначалникот на општина Тетово. По разрешувањето на Адеми, советот на родители и наставници испрати претставка до Министерството за образование, од каде бараат преземање мерки за овој случај.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тензично во Чашка: Шаќири не попушта за паралелка на албански, учениците бојкотираат, полицијата едвај ја спаси директорката

Следно

Објавен новиот роман на Фросина Пармаковска „Сѐ уште можам нешто да сторам“

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop