ДУИ со реакција за посетата на премиерот на ОАЕ

April 16, 2025
1 min read

ДУИ најостро ја осудува одлуката на премиерот и владата да заминат на еднонеделна посета во Обединетите Арапски Емирати – во Абу Даби и Дубаи – без присуство на ниту еден претставник од албанските политички партии во Владата.

Овој чин претставува уште едно во низата понижувања и демонстрации на потценување кон коалициските партнери и уште поважно – кон албанскиот народ во земјата.

Со оваа одлука, Владата јасно покажува дека албанските партии што одлучија да бидат дел од овој владин состав се сосема ирелевантни.

Дека се неми статисти, без тежина, без глас, без право на учество во носењето на државните политики.

Оваа делегација не беше туристичка, туку државна – со директни импликации врз економските и политичките односи на нашата земја.

Оттука, отсуството на претставници на Албанските партии испраќа порака дека Албанците не се фактор кога се гради иднината на државата.

Но ова не е само понижување за партиите – ова е уште поголемо понижување за сите Албанци.

Ги игнорираат нашите експерти, нашиот бизнис-сектор, нашата дијаспора и нашиот придонес во државата.

Владата на тој начин создава две категории граѓани: едните што се носители на државата и другите – кои се третираат како гости во сопствениот дом.

ДУИ, како партија која со децении се борела за рамноправност, учество и достоинство на Албанците, не може и нема да молчи.

Ваквите постапки се уште една потврда дека Владата не ја сфаќа и не ја почитува суштината на мултиетничкиот карактер на државата.

Наместо рамноправност – добиваме игнорирање.
Наместо партнерство – добиваме понижување.

Го повикуваме премиерот да се извини јавно пред Албанците и да даде отчет пред јавноста – дали ова е неговата визија за иднината?

И ги повикуваме албанските партии во Владата – да размислат дали со своето молчење стануваат соучесници во оваа дискриминација.
ДУИ останува гласот и штитот на Албанците.

И не смееме да дозволиме оваа политика на игнорирање и асиметрија да стане нормалност.

Интегрално соопштение од ДУИ

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Објавена е првата академска студија за Поморско просторно планирање на Туркије

Следно

Стручна комисија ќе ја истражува смртта на 57 годишниот пациент

Latest from Blog

Ретка појава утре: Најголемата супермесечина годинава

Најголемата супермесечина за годинава ќе биде забележлива на небото утре. Имено, нејзината близина до Земјата ќе ја направи полната Месечината да изгледа поголема и посветла од вообичаеното. Во нашето поднебје оваа појава

Коњановски: Слободата на Битола е завет што мора да го пренесеме на идните генерации

Битола денес го одбележува 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот и 81 година од неговата слобода. По тој повод, во градот се одржуваат свечени активности со кои граѓаните, институциите и

Регионален дијалог за образовни политики: Темелни реформи за поквалитетно образование

Државите од Западен Балкан полесно можат да напредуваат кога заедно и гласно размислуваат за тоа што му е потребно на образованието во секоја од земјите. Ние сме слични народи, со блиски обичаи,

СПОРТ СЕКАДЕ ЗА СИТЕ! Нов спортски центар во ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ѓорче Петров

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска го пушти во употреба комплетно реконструираниот повеќенаменски спортски центар во склоп на ООУ „Тихомир Милошевски“. Овој проект
Go toTop