ДУИ си го избра Беким Незири за местото на „огнениот“ Изет Меџити во Чаир

July 3, 2023
2 mins read

Незири важеше за неофицијален фаворит на раководството на ДУИ во Чаир. Покрај во скопската општина избрано е ново раководство во уште 13 ограноци, што е прв поголем внатрепартиски изборен процес по големите превирања во партијата

Од т.н. „огнена група“, чиј предводник е доскорешниот претседател на огранокот на ДУИ во Чаир, Изет Меџити, обвинуваа дека изборите се наместени и дека тие нема да учестуваат на нив за да не ги легитимираат и со тоа да го збунат членството

Владејачката Демократска унија за интеграција (ДУИ) избра претседатели на 14 ограноци. Избраните имиња, кои доаѓаат во период на досега најголеми внатрепартиски превирања од основањето на партијата, ги соопшти лично претседалот на партијата, Али Ахмети.

Прес-конференција на ДУИ во внатрепартиските избори, фото: принтскрин

„Во текот на овој изборен процес предводен од партиската изборна комисија на ДУИ се гласаше за избор на претседатели на ограноци, членови на ограноците, претседатели на локални совети и членови на раководството на локални совети во ограноците: Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шутка и Велес.

Така, избраните во 14 ограноци на ДУИ се следните:

Во Липково: Мирсад Ибраими

Во Куманово: Ридван Асани

Во Чаир: Беким Незири

Во Бутел: Мухарем Асани

Во Шутка: Илаз Лесковица

Во Петровец: Насер Халити

Во Јегуновце: Елдин Адеми

Во Кичево: Ардита Дани

Во Дебар: Артин Спахиу

Во Крушево: Абиб Веџиу

Во Битола: Лутфи Амето

Во Пласница: Бајрам Карамалески

Во Велес: Локман Салија

Во Преспа: Арјан Муједини

соопшти Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Незири беше „фикс“ уште пред месец и пол

Најинтересно од сите имиња на листата е новиот претседател на огранокот на ДУИ во Чаир. На тоа место сега доаѓа Беким Незири, поранешен министер, директор на ПИОМ а сега бизнисмен. Ќе му биде потребно целото искуство бидејќи доаѓа на „жешко“ столче кое до скоро му припаѓаше на Изет Меџити – поранешен градоначалник на Чаир, поранешен висок функционер во ДУИ но во последниве години еден од лидерите на фракцијата во партијата која пред се бара Али Ахмети да го отстрани Артан Груби од врвот на партијата.

Дел од фракцијата, популарно наречена „огнена група“ ја сочинува и актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу, како и градоначалникот на втората доминантно албанска општина во главниот град – Блерим Беџети.

Сето ова значи дека Незири доаѓа на чело на огранок на партијата во место каде се наоѓа епицентарот на внатрепартиската опозиција. Во своите настапи пред изборите, тој се обидуваше да се претстави како човек кој ќе направи се за да ги помири двете страни.

Беким Незири (28 јуни 2023 г.), фото: принтскрин, ТВ21

„За помирување, за приближување, јавно кажувам, му кажав и на господинот Меџити, ако треба Беким Незири ќе се повлече од функцијата шеф на огранокот по еден месец, нека дојде господинот Изет Меџити да го води“,

изјави Беким Незири во интервју за ТВ 21 на 28 јуни 2023 година.

Но, кога Незири ги кажуваше овие зборови за помирување, тој веќе беше означен од „огнените“, дека им забил нож во грб.

„Ако мисли на мојата кандидатура, не гледам забивање нож зад грб затоа што и господинот Меџити и јас придонесуваме за доброто на ДУИ од 2002 година, каде што претседател е господинот Али Ахмети, па затоа не гледам забивање нож зад мојот грб кога се кандидирам за заедничка куќа што ја градевме со години“,

изјави Беким Незири.

Во деновите пред внатрепартиските избори па и денеска, „огнената група“ стави јасно до знаење дека го сметаат процесот за избор на 14 претседатели за фарса. Поради тоа, велеа и дека нема да учествуваат во него, за да не го збунат гласачкото тело.

Но, прашање е дали ќе можеа да учестуваат и да сакаат. Во интервју за „360 степени“, уште на 26 мај 2023 година, Бујар Османи од ДУИ изрази резерва – дали ќе му биде дозволена кандидатура на Изет Меџити.

„Изборната комисија треба да каже дали тие што ги прекршиле статутарните определби на партијата…

– Значи може да не му дозволите да се кандидира?

Навистина не можам да кажам бидејќи не сме го разговарале…

изјави Османи на 26 мај 2023 за „360 степени“.

Но уште тогаш, на крајот на мај, веќе се слушаше името на Беким Незири како фаворит на актуелното раководство на ДУИ за партиската фотелја во Чаир. Следува прашањето и одговорот на Бујар Османи дадени на крајот на мај, за фаворитската улога на Незири.

Бујар Османи (26 мај 2023 г.), фото: 360 степени

– Може да потврдите дека фаворит на раководството е Беким Незири?

Ќе има изборен процес. Така да, ќе се пријават кандидати. Тој што ќе ја добие поддршката од членството… бидејќи ако има фаворит тогаш чуму потреба за избори?

изјави тогаш Бујар Османи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Франција гради нова воена болница

Следно

Франција: Во Лион полицијата со солзавец растера екстремно десничарска група

Latest from Blog

Камион удрил двегодишно дете- родителите подготвувале погреб, кога наеднаш се случило чудо (ФОТО)

Двегодишниот Оливер Стауб, момче за кое лекарите му рекле дека нема да преживее, но кое денес ги движи рацете, нозете и шири љубов кон сите околу него. Неговите родители, Лаура и Стефан,

Мицкоски до Филипче: Во Струмица ли најде да зборуваш за морал, додека во прв ред беше Заев кој ја распродаде Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од вечерашниот митинг одржан во општина Велес, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните

Заработува 70.000 фунти неделно, а страв му е да си купи автомобил или патики!

фото: Liverpool FC (X) Ибрахим Конате, Францускиот стопер на шесткратниот европски шампион, кој моментално заработува 70.000 фунти неделно, откри дека бил „преплашен од трошење на сопствени пари“ кога пристигнал во елитниот фудбал.

Тоневски: Земјоделството е двигател на нашиот локален развој

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, оствари средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, како и со група земјоделци од општината. На состанокот се разговараше за актуелните
Go toTop