ДУИ: Потребен е суштински политички дијалог, но во пристоен политички формат

April 2, 2025
1 min read

Изразуваме силна загриженост поради сѐ понагласената моноетничка доминација која Власта ја демонстрираше во првата година од своето владеење, а сега веќе на јавна сцена ја вклучува и етничката македонска опозиција во својата намера.  

Јавноста е просто згрозена од овој јавен флерт на Мицковски и Филипче, за полноќни средби во политички интимна атмосфера на која ништо помалку туку ќе се крои планот за нов општествен договор за регулација на идните политички текови. 

Иако и досега не беа за ништо прашувани, дегутантен е молкот на Албанскиот партнер во Владата.

Да потсетиме, Република Северна Македонија претставува препознатлив модел на функционална мултиетничка демократија со јасно изразена евроатлантска ориентација.

Овој систем на вредности е внимателно вткаен во трите темелни документи на земјата како што се Охридскиот Рамковен Договор, Преспанскиот договор, и Договорот за пријателство со Република Бугарија, зад чие спроведување како гаранција стојат нашите стратешки партнери ЕУ и САД.

На Република Северна Македонија ѝ е насушно потребен суштински политички дијалог, но не на интимни полноќни средби, туку во пристоен политички формат, со јасно изразена репрезентативност на сите граѓани, и во кој ќе се отворат суштинските прашања од значење за земјата.

Основниот модел на мултиетничкиот карактер на земјата е системски загрозен, а загрозен а и интегративниот процес на земјата во Европската унија. 

Тоа се две клучни стратешки основи кои што сериозно ја загрозуваат долгорочната стабилност и просперитет на земјата, и тоа се двата приоритети за кои треба да се отвори суштински политички дијалог. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студенти од Србија тргнуваат со велосипеди кон Стразбур да го свртат вниманието на европски претставници

Следно

Капитални проекти, за 2 месеци само 6% – потрошени само 47 од планираните 766 милиони евра

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop