Дуи најостро го осудува нападот врз Арсовска: Актите на насилство претставуваат директен напад врз демократскиот поредок

July 11, 2025
1 min read

Демократската унија за интеграција најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, кој се случил за време на извршувањето на нејзините службени обврски на територијата на Општина Чаир.

– Актите на насилство, вербалните напади и обидите за попречување на институционалните претставници во извршувањето на нивните обврски претставуваат директен напад врз демократскиот поредок и функционирањето на правната држава. Независно од политичката припадност или институционалната функција, ниту еден функционер не смее да биде предмет на јавен линч или физичка и вербална агресија. ДУИ го смета овој чин за срамен и неприфатлив и апелира до надлежните органи веднаш да реагираат, да ги идентификуваат и санкционираат сторителите согласно законот. Демократската унија за интеграција ќе продолжи да го брани уставниот поредок, интегритетот на институциите и демократската соживот во земјата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Турскиот и сомалискиот претседател во Анкара разговараа за билатералните односи и регионалните прашања

Следно

Лишено од слобода лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци

Latest from Blog

Денес е Светиот апостол Јаков

Светиот апостол Јаков Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања

Се враќа Роки, но без Сталоне- прв пат се појави актерот што ќе го замени (ВИДЕО)

Студиото Amazon MGM ја откри првата фотографија од актерот Ентони Иполито, познат по серијата „Понудата“, во улогата на младиот Сталоне во филмот „Јас го играм Роки“. Станува збор за биографска драма што

По жестоките протести: Ла Лига го откажа мечот меѓу Виљареал и Барса во САД

Ла Лига го потврди откажувањето на натпреварот Виљареал – Барселона кој требаше да се одигра во САД. Во соопштението објавено, Ла Лига вели дека по разговорите со организаторот на официјалниот натпревар во
Go toTop