ДУИ: Албанскиот јазик се отстранува од таблите на наплатната рампа Глумово

February 16, 2025
1 min read

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) со реакција за, како што велат, отстранување на албанскиот јазик од таблите кај патарината Глумово.

„Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) најостро ја осудува замената на комуникациските знаци на автопатот Скопје – Тетово, поточно кај наплатната рампа во Глумово, од страна на Јавното претпријатие за државни патишта. Таблите на албански јазик се заменуваат со табли на македонски и други странски јазици, со што албанскиот јазик се отстранува од сообраќајните знаци.

Оваа промена е сериозен удар за употребата на албанскиот јазик во Република Северна Македонија и флагрантно кршење на Законот за употреба на јазиците.

Овој опасен и нисок обид за непочитување на Законот за употреба на јазиците и оваа тенденција за негирање на албанскиот јазик е во целосна спротивност со Уставот, Охридскиот договор, законите и вредностите на демократијата и еднаквоста, кои се основи за мирот и стабилноста во земјата.

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) смета дека неспособноста на изборните губитници и слугите на ВМРО од редовите на ВРЕДИ ги враќа Албанците во 90-тите во однос на националните права и еднаквост.

ДУИ ќе ги преземе сите неопходни чекори за да се спротивстави на оваа неправедна одлука и да ги заштити правата на Албанците во Република Северна Македонија.“, велат од ДУИ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гешоска: Државата нема стратегија за поддршка за независниот културен сектор

Следно

Митева: Државниот јавен обвинител работел нетранспарентно, штител определени лични интереси и работел надвор од закон, затоа Владата бара негово разрешување

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop