ДУИ: Африм Гаши портпарол на Мицкоски и симбол на потчинетоста 

December 18, 2024
1 min read

Африм Гаши, избран од Христијан Мицкоски како негов „омилен“ меѓу Албанците за претседател на Собранието, уште еднаш ја покажа својата неспособност и потчинетост, велат од ДУИ.

„Наместо да ја извршува функцијата како претседател на Собранието, тој делува како портпарол на Мицкоски и бара Албанците да молчат за понижувањето и потчинетоста што ја доживуваат во владата.

Додека владата воспоставува моноетничка супрематија во секоја сфера на јавниот и државниот живот, го осакатува Уставот преку одлуките на Уставниот суд и го враќа во состојба која некогаш беше наречен генератор на конфликти, тој ги нарекува Албанците дестабилизатори. 

Колку многу нè потсетува на политичарите избрани од Белград за да го водат Косово во 80-тите и 90-тите години.

Гаши ќе биде запаметен со тоа што  ја шокираше делегацијата на албанскиот парламент со тоа што разговараше  со нив исклучиво на македонски јазик. 

Дополнително, тој одби да свика седница на Собранието за настаните поврзани со Денот на знамето, но затоа екпресно свика седница за одговорнодт на зилире Даути за Законот за Бранители. 

Африм Гаши е срам за целиот народ.

Време е веднаш да поднесе оставка за да го спаси сопствениот образ и достоинството на народот што тврди дека го претставува“, се вели во соопштението на ДУИ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рускоска: Владата е колективно тело, не може Груби да одговара само затоа што ја водел седницата

Следно

Премиерот Мицкоски на Самит на Европската народна партија

Latest from Blog

Димарко е Играч на сезоната во Серија А!

фото: intermediolan.com @intermediolan_ (X) Федерико Димарко е прогласен за играч на годината во Серија А за сезоната 2025/26. 28-годишниот дефанзивец ја доби наградата од страна на Италијанската фудбалска асоцијација. Церемонијата на доделување

ОН: Светот влезе во опасна зона на екстремни временски услови

Светската метеоролошка организација ги објави најновите податоци за природниот временски феномен, кои покажуваат дека тој би можел да биде најсилниот во последните 70 години и да трае барем до февруари 2027-ма година..

18,3 милиони денари промет на Македонската берза – НЛБ Банка на врвот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 03.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.185,75 поени. Во однос

Проданоски: 49% од прилепчани селектираат отпад – Прилеп останува лидер во Македонија

Прилеп продолжува да биде меѓу лидерите во Македонија кога станува збор за селекција на отпадот. Според најновото истражување на „Пакомак“, дури 49 проценти од граѓаните на Прилеп селектираат отпад за рециклирање. Ова
Go toTop