Државниот трудов инспекторат утре ќе го комплетира извештaјот за трагедијата на фармата во светиниколско

January 9, 2024
1 min read

Инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) вчера излегоа на терен по трагедијата во свињарска фарма во светиниколското село Амзабегово, во која еден работник на 45-годишна возраст почина на лице место, а неговиот 53-годишен колега, кој притрчал да го извади од дупката е на Клиниката за токсикологија во Скопје. Се чека да поминат 48 часа за да му се направи компјутерска томографија на мозокот.

Директорката на Државниот трудов инспекторат, Весна Томовска за МИА вели дека извршен е инспекциски увид по несреќниот случај, извештајот од нивна страна ќе биде комплетиран откако од сопственикот на свињарската фарма ќе биде предадена потребната документација. Инспекторите утврдиле дека починатиот работник немал респираторна заштита.

-Државниот инспекторат за труд веднаш по добивањето на пријавата излезе на увид на лице место и од самиот увид утврди дека е случена несреќа при работа, со фатална последица за еден од работниците, а другиот работник е со потешки повреди и истиот е транспортиран на Клиниката за токсикологија во Скопје. Со оглед на тоа што во моментов на надзорот од страна на работодавачот не е презентирана потребната документација врз основа на која би се утврдила целата целокупната фактичка состојба од страна на инспекторите е задолжено работодавачот во текот на денешниот ден да ја презентира на увид потребната документација, вели Томовска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Некој нема да лета – директорите или авионите

Следно

Едно е да одиш во црква и разменуваш божикни честитки, а друго е да живееш по верски начела

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop