ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА – ВО ПОДДРШКА НА КУЛТУРАТА И ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

August 25, 2025
2 mins read

Сигурно
сте забележале дека во последната година Државна лотарија општествената
одговорност ја потврдува како срцевина на своето дејствување. 

Низ историјата
во Европа и светот лотариите што се управувани од државата се основани со цел поддршка
на заедницата. Тоа е и мисијата на Државна лотарија − преку одговорно приредување
игри на среќа, за граѓаните на територија на Република Северна Македонија, да инвестира
во поддршка на општеството и неговиот развој.

Компанијата на којашто еден од столбовите
на стратегијата е директната инвестиција во општеството, дополнително создава можност
за граѓаните над 18-годишна возраст преку учество во игрите на среќа да се вклучат
во тој голем круг на заемна поддршка.

Кога еден учествува во игрите на среќа на
Државна лотарија, сите добиваат: во континуитет, од секоја поединечна уплата се
одвојува процент во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели.

Во последната
година, низ интензитетот на своето присуство како поддржувач на манифестации и иницијативи
во културата, спортот, науката, образованието и проекти од јавен интерес со цел
збогатување на квалитетот на содржините на заедницата и нејзино зајакнување, компанијата
се истакнува како препознаен и активен член на општеството.

Кога зборуваме
за поддршка на настани на полето на културата, присуството на брендот на Државна
лотарија потврдува дека компанијата се залага за градење вредности, за проширување
на видикот и за негување на традицијата.

Исто така, се залага и за збогатување на
содржините во заедниците, за што се доказ и многубројните настани во последната
година − празнично обележана со настаните „Зимска бајка“, коишто преку
театарска претстава и настап на македонски поп-пејачи во скопските општини
внесоа празничен новогодишен дух.

Препознавање
на потребата од збогатување на нашата културна сцена се огледа низ поддршката на
големи културни манифестации меѓу коишто: фестивалот „Видик“ спој на литература,
музика, театар, дизајн и филм, со хуманитарен карактер; манифестацијата „Ѓура Мара“
− симбол на локалниот идентитет и носител на културниот континуитет; најпопуларната
забавна музичка манифестација „Златна бубамара“ на популарноста; гала концертот
на Вејчеслав Поповски – македонски академски оперски пејач и мајстор за изработка
на гудачки инструменти.

Под логото
на Државна лотарија, на македонските сцени уживавме во изведбите на: еден од најголемите
тенори на денешницата − Пласидо Доминго (Placido Domingo); на легендарните
Масив Атак (Massive Attack) и Армин ван Бјурен (Armin Van Buuren) – имиња што
инспирираат генерации; на светската поп-ѕвезда Џејсон Деруло (Jason Derulo), а
сведоци бевме и на долгоочекуваниот концерт на култниот австралиски музичар Ник
Кејв (Nicholas Edward Cave).

Државна лотарија
се гордее што во милјето настани од културата поддржани само во последната година
се концерти од светски размери, но и домашни манифестации и настапи на македонски
уметници и културно-уметнички друштва.

Преку својата
деловна активност, која е во симбиоза со општествена одговорност, компанијата
ја потврдува својата улога на промотор на етичко работење со фокус на
инвестирање во заедничкото добро, активен член на општеството и партнер на
општествениот развој.

Компанија што преку одговорно приредување игри на среќа
ја реализира својата мисија посветена на благосостојбата на заедницата во
којашто, кога еден учествува во игри на среќа на Државна лотарија, сите
добиваат.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вирц: Во Премиерлигата мора многу да се трча, а и немаш простор за многу игра

Следно

Меџити: 5 милиони денари за чистење на депонијата во Никуштак

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop