Државата ќе додели над 7.000 ваучери за инвертер – клима уреди

January 31, 2024
2 mins read

Државата ќе додели над 7.000 ваучери за инвертер – клима уреди во вредност од 4,1 милиони евра, информираше денес министер за економија Крешник Бектеши. Огласите за таа намена, како што изјави министерот, огласите ќе бидат објавени утре на веб-страницата на Министерството за економија и во печатените медиуми „Коха“ и „Слободен печат“, а ќе важи условот „прв дојден – прв услужен“.

Огласот трае 20 дена од денот на објавувањето, со можност за продолжување од 15 дена, во случај на недоволен број пристигнати барања. Едно лице од едно домаќинство може да поднесе само едно барање за доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди. Едно домаќинство може да поднесе барање само за една од програмите или за Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија или, пак, за Програмата за поттикнување за енергетска ефикасност.

Согласно предвидените средства за овие две програми од вкупно 255 милиони денари или 4,1 милиони евра, со целосно нивно искористување, како што рече Бектеши, е предвидено да се доделат над 7.000 ваучери за инвертер – клима уреди.

-Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, лицата со ниски примања за самец со вкупни приходи до 21.000 денари, домаќинство со два члена со вкупни приходи од 30.000 и домаќинство со три члена со вкупни приходи од 35.000 денари, ќе може да добијат ваучер во вредност од 27.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, а лицата со ниски примања за домаќинство со четири члена со вкупен приход од 40.000 денари и домаќинство со пет члена и повеќе со вкупен приход од 45.000 денари ќе може да добијат ваучер за инвертер клима во вредност од 30.000 денари во бруто износ по домаќинство, со вклучен ДДВ, рече Бектеши.

Тој прецизира дека вкупните средства за реализација на оваа програма се во износ од 45 милиони денари или 73 илјади евра буџетски средства.

Ваучер во вредност од 25.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат на територијата на општините на Пелагонискиот регион – Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци, Долнени и Југозападниот регион – Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга, Центар Жупа, посочи Бектеши.

За оваа намена, се предвидени вкупно 100 милиони денари или 1,62 милиони евра.

– Ваучер во износ од 23.000 денари по домаќинство, со вклучен ДДВ, ќе добијат домаќинствата кои живеат во Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Североисточниот, Вардарскиот и Полошкиот регион, за што се предвидени вкупно 110 милиони денари или 1,78 милиони евра, рече Бектеши.

За да го остварат правото на учество по овој јавен оглас домаќинствата во изминатите три календарски години треба да не користеле средства од било кој извор за надомест на трошоци за грејни уреди – печки на пелети или високоефикасни инвертер клима уреди, да немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот. Покрај тоа, уредот ќе треба да биде купен и вграден во текот на 2024 година, најдоцна до 30 ноември годинава, на адресата која е наведена во барањето.

-Набавениот уред задолжително треба да има минимум COP 3.0, да грее на надворешна температура од -15 степени Целзиусови и да биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење. За да аплицираат за овие два огласи граѓаните ќе треба да пополнат барање кое што ќе може да го подигнат во Архивата на Министерството за економија или на веб-страницата на Министерството за економија, изјава за точноста на податоците заверена на нотар, фотокопија од лична карта од сите членови на домаќинството, како и копија од последна платена сметка за електрична енергија, појасни Бектеши.

Во исто време, додаде, Министерството за економија ќе објави и јавен повик за пријавување на интерес на компании кои вршат трговија со висококвалитетни инвертер – клима уреди со дефинирани услови кои ќе треба да ги исполнуваат, со кои потоа ќе биде склучен договор.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во Белград од голема кашлица починале четири бебиња

Следно

ФОТО: Георгина Родригез го одбележа 30. роденден со атрактивни фотографии: Роналдо ѝ честиташе преку видео повик

Latest from Blog

Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку седум дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, благодарение на координираноста на институциите го изгаснавме за 30 часа

Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ говорејќи за последните случувања со пожарите на депониите истакна дека за пожарот во Трубарево експертите кажувале дека се

Меџити донесе итна мерка за затворање на депонијата во Никуштак

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, донесе одлука за итно затворање на депонијата за комунален отпад во Никуштак, општина Липково. Во соопштението од Министерството се наведува дека мерката е

Нема зголемена радијација во Трубарево по пожарот – соопшти ИЈЗ

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека нема отстапувања од нормалните референтни вредности на радијацијата во почвата и воздухот по пожарот што се случи во Трубарево. Според ИЈЗ, во текот на вчерашниот

Руски разузнувачи: ЕУ подготвува „српски Мајдан“, ќе се обидат да го искористат 1 ноември

Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација (СВР) објави дека, според нејзините информации, „сегашните немири во Србија со активно учество на млади луѓе се во голема мера производ на субверзивните активности на

Локални избори во Косово: „Единствена горанска партија“ со своја кандидатска листа

На локалните избори во Република Косово, што ќе се одржат на 12 октомври, 2025 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата  „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија
Go toTop