Дрвокрадци во велешко се заканиле и нападнале шумски полицајци

December 28, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против три лица поради сомнение дека сториле кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Тројцата соизвршители, на 27 декември, во близина на местото викано Ветерско кај поранешни лозја на агрокомбинатот “Лозар” – Велес, со употреба на сила и сериозна закана спречиле три службени лица, припадници на шумската полиција, во вршење на нивните службени задачи.

Шумските полицајци ги затекнале тројцата осомничени со нивното возило со приколка во кое товареле нелегално пресечени дрва. Се обиделе да ги одземат дрвата и да ги приведат сторителите, но осомничените ги нападнале физички со нож.  На двајца им нанеле телесни повреди, а на третиот припадник на шумската полиција му се заканиле, ставајќи му моторна пила под вратот.

За двајца осомничени надлежниот јавен обвинител до судот во Велес достави предлог за определување мерка притвор, а за еден побара мерки на претпазливост.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителството бара одземање на пасошот на Деспотовски

Следно

Сообраќајот во зимски услови и по претежно суви коловози

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop