Дрва нема, ама нови згради има, градежен бум во Скопје

August 13, 2026
1 min read

Градежништвото продолжува со силно темпо, а Скопје повторно е во центарот на инвестицискиот бум. Во јуни во Македонија биле издадени 296 одобренија за градење, што е раст од 39 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Вредноста на планираните градежни работи достигнува 6,36 милијарди денари, односно околу 103,5 милиони евра.

Најголема вредност на планираните инвестиции има токму во Скопскиот Регион. Таму се предвидени градежни работи вредни 3,48 милијарди денари, повеќе од половина од вкупната вредност на сите новоодобрени проекти во земјава во текот на јуни.

Од вкупно 296 издадени одобренија, 200 се однесуваат на високоградба, 26 на нискоградба, а 70 на реконструкција. Истовремено е предвидена изградба на 754 нови станови со вкупна корисна површина од 64.266 квадратни метри.

Најмногу се планираат станови со две и три соби. Од новопроектираните станови, 267 се двособни, 214 трособни, 116 четирисобни, 79 еднособни, а уште 33 се со пет соби.

Иако најголем број одобренија, вкупно 70, биле издадени во Полошкиот Регион, најголемата финансиска тежина на новото градење останува во Скопје. Тоа уште еднаш го потврдува силниот притисок за нова градба во главниот град, каде паралелно со новите станови со години се отвораат и прашањата за урбаното зеленило, сообраќајот, паркирањето и капацитетот на инфраструктурата.

Од вкупно 296 одобренија, 218 се за објекти каде инвеститори се физички лица, а 78 се издадени на деловни субјекти. Но компаниите стојат зад далеку поголеми инвестиции. Од вкупно 6,36 милијарди денари предвидени градежни работи, речиси пет милијарди денари се инвестиции на деловниот сектор, додека физичките лица учествуваат со околу 1,37 милијарди денари.

Податоците покажуваат дека станбената и другата високоградба остануваат еден од најактивните сегменти во домашната економија. Само за една година бројот на нови одобренија пораснал за речиси 40 проценти, а вредноста на планираното градење е зголемена за 31 процент.

За Скопје тоа значи продолжување на градежниот бум, но и дополнителен притисок врз градот во кој секоја нова зграда отвора и едно старо прашање, дали урбанистичкиот развој го следат доволно зеленило, паркинг, улици, училишта и друга инфраструктура.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 14.000 долари за тон: Бакарниот бум отвора можности за Македонија

Следно

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop