ДРАМСКИОТ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПОЧЕКА ЗА НОВА ЗГРАДА

April 7, 2025
3 mins read

Драмскиот театар во Скопје (ДТС) ќе добие нов објект откако ќе завршат реконструкциите на други проекти од културата, кои со години се реновираат или чекаат изградба на нов објект. Владата лани на 20 јули донесе одлука дека „го задолжува Министерството за култура и туризам, согласно предвиденото во Програмата за работа на Владата 2024-2028 година, во Годишната програма за инвестиции во културата да планира ревидирање на реализација на проект за изградба на нов објект на местото на постоечкиот објект на НУ Драмски театар во Скопје.” Според одлуката, Министерството за култура и туризам требаше да подготви две проценки со финансиски извештаи за тоа колку би чинела целосна реконструкција на Драмскиот театар во Скопје, а колку изградба на нов објект.

„Веќе се направени проценки за изградба односно реконструкција. Реализацијата на проектот за објектот на Драмски театар е предвиден со Програмата за период 2024-2034 година. Имајќи го предвид тоа, непосредно пред да се започне со активностите ќе се пристапи кон обезбедување детална и комплетна проектна документација со детална пресметка, како не би имале измени во текот на работите поради истек на време и промени во предвидените технологии и материјали. Со оглед на тоа што во моментов се започнати и преземени обврски за реализација на други проекти како што се продолжувањето на работите на Театарот во Струмица, реконструкцијата на Кино Партизан во Битола, реконструкција на Театарот во Куманово, изградбата на Театарот и библиотеката во Тетово, Турски театар и слично, реализацијата на Драмскиот театар ќе следи по завршување на дел од тие проекти, сè со цел да не се создава терет и преголеми обврски кон буџетот“, ни одговорија од Министерството за култура на прашањето до каде е процедурата со проценките.

Во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија (2024-2028) на премиерот Христијан Мицкоски, објавена на владината веб-страница, во делот „Инфраструктурна изградба во културата 2025-2034“ се предивдува „проектирање и изградба на современи објекти за Драмскиот театар, Театарот Комедија и Театарот за деца и младинци“.

Драмски театар уште во март 2009, во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ со тогашниот директор Бранко Ѓорчев (кој почина во 2013 н. з.) го презентираше избраниот проект за идејно решение за изградба на нова театарска зграда. Првата награда ја доби проектот под шифра „Актер“ на „Платформа ДОО“ на авторите-архитекти Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ и Билјана Стојменовска и соработниците Веле Богоевски и Никола Томевски.

Според тогашните објави, театарот требаше да биде вклопен во мултифункционален деловен центар, кој ќе биде висок максимум 30 метри.

„Театарот ќе зафаќа 20 отсто (приземје и два ката) од вкупниот простор на објектот и површина од околу 4.000 квадратни метри. Предвидени се голема и мала сцена, со 350 седишта за гледачи во партер и 150 места во галерија. Драмски театар сега се простира на 1.700 квадратни метри“, презентираше тогаш комисијата на чело со Мартин Пановски.

Директорот Ѓорчев тогаш кажа дека за изградбата на новиот објект ќе се бараат средства по моделот приватно партнерство зашто не се предвидени буџетски пари.

„Доколку фазите се реализираат непречено, изградбата би почнала за девет месеци. Општина Карпош направи измена на ДУП-от на општината, во кој е внесена маркичката за новата зграда“, рече тогаш Ѓорчев.

По овие најави, во 2014 беше објавено дека планираното здание на местото на постоечкиот театар во скопската населба Карпош 2 ќе го гради приватен инвеститор. Министерството за култура на 16 декември го објави повикот за пронаоѓање на компанија со која ќе воспостави договор за јавно-приватно партнерство за изградба на планираниот објект, при што проценетата вредност на градителскиот зафат изнесува 369.600.000 денари (6 милиони евра), без вклучен ДДВ.

Во 2016,  Министерството за култура објави тендер за избор на фирма-изведувач и дека објектот ќе биде само театар. Тогаш директор на Драмски театар беше Роберт Вељановски, кој е и актуелен директор.

„Објектот ќе се изгради со средства од буџетот на Република Македонија и во обем само за потребите на театарот. Новиот театар ќе поседува голема сала со капацитет од 379 седишта и мала сала со капацитет од 82 седишта распоредени како монтажно гледалиште, други придружни содржини и административно-технички простор. Сценскиот простор ќе биде уреден според светските театарски стандарди и ќе биде опремен со современа сценска технологија. Буџетот е 750.000.000 денари, овој проект е предвиден во новата програма на ВМРО ДПМНЕ, 2017- 2020 година“, објави тогаш министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Директорот на Драмски театар Вељановски лани ни рече дека во делот за тендерската постапка од 2016, објавена од Министерството за култура, е наведено дека тендерот за изградба на објект за Драмски театар Скопје беше успешен, избрана беше градежната фирма „Бауер“ и на тендерот беше утврдена цена за изградба на ДТС од 9,5 милиони евра.

„За почеток на изградбата во процедура беше добивање на градежна дозвола која за објекти од јавен интерес ја издава Министерството за транспорт и врски. До 1 јуни 2017 година таа дозвола не беше издадена, согласно законските процедури кои нужно треба да се исполнат за истата да биде издадена. Но, Владата на СДСМ и ДУИ, која на 1 јуни 2017 ја презеде власта во Република Македонија, не сакаше да го продолжи проектот за изградба на ДТС“, рече Вељановски.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Владината мерка за испорака на јагнињата ги празни стадата, а граѓаните се соочуваат со високи цени пред Велигден

Следно

Изложба на дела на странски уметници во француските колекции

Latest from Blog

Вучиќ избра мандатар кој ги поддржа демонстрантите контра студентите

Српскиот претседател Вучиќ ја изненади јавноста со предлогот за нов премиер во ликот на професор Ѓуро Мацут, лекар, ендокринолог, досега непознат за јавноста. На изборот на Мацут како мандатар за новата влада

29 годишниот Александар Гавриловски е 61 жртва од пожарот во Кочани

Трагедијата во Кочани зеде уште една жртва. Дваесет и девет годишниот Александар Гавриловски претпладнево ја загуби битката за живот. Од министерството за здравство велат дека поради тешките повреди тој итно бил транспортиран

Тоти и покрај критиките пристигна во Москва, го чека сума од шест цифри (ВИДЕО)

Легендата на Рома, Франческо Тоти денеска пристигна во Москва и покрај критиките кои беа упатени на негова адреса. Минатиот месец, Франческо Тоти се најде на удар на италијанската јавност откако беше објавено

Протести во Дамаск поради израелските напади врз Палестинците

ДАМАСК (АА) – На плоштадот „Омејади“ во Дамаск, Сирија, денес се одржа протест поради продолжените израелски напади врз Палестинците, јавува Анадолу. Граѓани од различни делови на сириската престолнина се собраа со палестински

Таткото на Вања: Ме правеа ретардиран, велеа дека не си го познавам детето, дека можеби се регрутирала во ИСИС…

Александар Ѓорчевски, татко на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска денеска сведочеше во Кривичниот суд. Одговарајќи на прашањата на неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ тој раскажа за моментот кога исчезнала Вања, а потоа и за
Go toTop