Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ утре гостува во Приштина

May 25, 2023
1 min read

Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ утре ќе гостува во Приштина. На седмиот по ред Интернационален театарски фестивал Приштина 2023 што се одржува од 22 до 28 мај, освен актерите на Драмски, учествуваат ансамбли од театри од Шпанија, Турција, Хрватска, Албанија и Косово.

Текстот „Диши“ (Бели дробови) на Данкан Макмилан е напишан во 2011 година. Режисер на претатсвата е Димче Николовски, а драматург Александра Бошковска. Преводот го направи Благоја Бошковски – Буцко. Сценографијата е на Илија Николовски, а костимограф е Раде Василев. Улогите во претставата ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

„Диши“ е современа, длабоко интимна, истовремено универзална и еколошка – глобална драма. Lungs (Бели дробови), низ повеќе животни циклуси на љубовната врска, на духовит и прониклив начин, го следи релативно младиот пар М и Ж (M&W) додека контемплира на различни прашања за смислата и бесмисленоста, за надежта и предавствата, за промените и за смртта, за создавањето на нов живот и за крајот на светот.

Актерите Јасмина Василева и Димитрија Доксевски за „Диши“ истакнуваат дека претставата навигира низ сите погоре поставени прашања, толкувајќи ги токму во „еден здив“ преку експериментирање со минималистички актерски израз зададен од самиот автор. Оваа драма е напишана за да се изведе на празна сцена. „Нема сценографија, нема мебел, нема реквизити и нема беспредметно дејствие. Нема  промена на костими. Не би требало да се користи светло и звук за да се укаже на промена на времето или просторот“ – велат актерите.

„Претставата „Диши“ ја создававме во неизвесноста на пандемијата, во неудобноста и осаменоста од наметнатата социјална дистанца, во постојаната промена на расположенијата помеѓу болката и надежта, со секој нов здив преиспитувајќи се: Дали од ова ќе излеземе како подобри луѓе? “ – се навраќаат на процесот на создавање и премиерата на претставата во декември 2020 година, актерите Василева и Доксевски. Утре во Приштина претставата ќе ја има својата 15 изведба, а потсетуваат дека минатата година имале одличен прием на гостувањето во Сараево во рамките на фестивалот РУТА.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ замрзна средства во вредност од над 200 милијарди евра на руската Централна банка

Следно

Џефри Сакс: Војната во Украина беше испровоцирана и тоа e битно за да се дојде до мир

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop