Драма од Гоце Ристовски објавена во Турција

March 4, 2023
1 min read

ОЈЧЕД (Oyun Yazarlan ye cevirmenleri Dernegi), Здружение на драматурзи и преведувачи од Република Турција, го објави драмскиот текст со наслов „9 – божествена трагедија“ од македонскиот писател Гоце Ристовски во превод на турски јазик на Зејнеп Кајмас, а во рамките на проект подржан од Европската Унија и во соработка со здружението Kalem Milt&, READ Regional Network for Cultural.

-Со почит кон различностите, благородноста на театарот ни овозможи да го запознаеме Гоце Ристовски, еден од најзначајните современи македонски универзитетски професори и писатели. Ја објавивме неговата драма „9 – божествена трагедија“ за добробит на читателите но и на продуцентите на турскиот па и на европскиот театар. Божествената трагедија „9“ не е само Дантеовото именување на неговата Божествена комедија; напластувањето на деветте цврсти мотиви на пеколот до 99-999-9999 година со двосмисленоста на концептите во 21 век… Дантеовата Божествената комедија, што се смета за текст на доцниот среден век, раната ренесанса, е трансформирана во трагедија, во пост-вистина на 21 век. Наговестувањето на апокалиптичниот наратив се одвива со желба за враќање кон природата во драмата на Гоце Ристовски и симболично е нагласено преку западната таблица на множење со бројот 9 на неа, асоцирајќи на Дантеовиот пекол со двосмислена концептуализација на 21 век. Во „9- божествена трагедија“, авторските театарски нафрлоци со повеќеслоен, течен јазик градат исклучително важен драмски текст глобално во современиот театар, напиша Назиф Услу, претседател на Здружението на драматурзи и преведувачи од Турција во пресрет на свечената промоција на драмата на Ристовски во текот на идниот месец во Истанбул.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако нема леб, ќе има казни- инспекторите се на терен

Следно

Ричард Докинс: Зошто се залагам за наука

Latest from Blog

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

МААЕ во соопштение на мрежата Икс наведува дека Техеран ја информирал агенцијата на Обединетите нации (ОН) дека локацијата била „нападната денеска“. „Не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од локацијата.

Трипуновски од Неготино: Оваа година ќе имаме поуспешна берба на грозје, работиме на системите за наводнување

Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој

Омерагиќ најави револуција: Македонскиот фудбал влегува во нова ера

Денес се одржа редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое беа усвоени клучни одлуки за иднината на македонскиот фудбал. Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ, истакна дека е донесен нов

Меџити: Со ВЛЕН завршува политиката на поделби

За првпат во историјата на мултипартиската Македонија, Албанците од различни политички провиниенции, од десница и левица, млади и искусни, се обединуваат во заеднички политички фронт, ВЛЕН. Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир
Go toTop