Драма на лет од Фиренца до Лондон: Дваесет патници морале да го напуштат авионот пред да полета

August 24, 2025
1 min read

Дваесет патници на „Бритиш ервејс“ мораа да го напуштат летот од Фиренца до Лондон бидејќи авионот беше претежок за полетување.


Поради екстремната топлина од 35 степени, воздухот бил поредок, па на авионот му било потребно дополнително гориво, што го намалило бројот на патници што можеле да останат на летот.

„Пилотот рече дека луѓето морале да излезат поради екстремната топлина. Беше околу 35 степени и беше потребно дополнително гориво за моторот ефикасно да работи. Персоналот рече дека 36 лица ќе мора да го напуштат авионот, но на крајот околу 20 го сторија тоа“, рече еден патник.


Компанијата се извини и ги пренасочи патниците кон други летови.

„Поради кратката писта на аеродромот, екстремните температури влијаат на воздушниот притисок, па затоа тежината на авионот мора да се намали. Се извинуваме за непријатностите. Нашите тимови работат напорно за да ги донесат патниците до нивните дестинации што е можно побрзо“, изјави портпаролот на „Бритиш ервејс“.


Експертите предупредуваат дека поради климатските промени, ваквите проблеми ќе станат почести и дека летовите до јужна Европа би можеле да станат поскапи.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес се споменува за Светиот маченик Евпл, Светата маченичка и девица Сузана

Следно

Меџити најавува сигурна победа на октомвриските избори во Чаир

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop