ДРАМА НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МАРОКО И ШПАНИЈА: Масовен упад на мигранти во Европа спречен со дронови и солзавец

August 15, 2026
1 min read

Мароканските безбедносни сили во саботата спречија обид на стотици мигранти, претежно од Субсахарска Африка, нерегуларно да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута. За време на интервенцијата беа употребени солзавец, хеликоптери, беспилотни летала и полициски кучиња, објави агенцијата EFE повикувајќи се на безбедносни извори.

Немирите избувнаа во ридско подрачје на околу три километри од границата со Сеута, на периферијата на мароканскиот град Фнидек. Мароканските безбедносни сили интервенираа за да спречат уште еден обид за масовен премин на границата.

Пресретнати се 148 мигранти

Според најновите податоци од мароканските безбедносни извори, пресретнати се 148 мигранти. Меѓу нив се 128 лица со потекло од Субсахарска Африка, додека 20 од нив се марокански државјани. Двајца мигранти изјавија за шпанската телевизија TVE дека бегаат од воено разорениот Судан.

Уапсени се 61 лице за поттикнување на миграција

Безбедносните сили, исто така, уапсија 61 лице осомничено за поттикнување и промовирање на нерегуларна миграција преку социјалните медиуми во последните денови. Мароканските власти најавија продолжување на операциите за надзор насочени кон спречување на организирање масовни обиди за преминување на границата.

Зголемени безбедносни мерки во Фнидек и Сеута

Ситуацијата беше мирна во Фнидек во саботата, но со зголемено полициско присуство и контрола на главните патишта кон градот. Бројни припадници на мароканските безбедносни сили беа распоредени во граничната област со Сеута, додека поморските сили и беспилотните летала ја следеа областа од море и од воздух.

Нова пречка: Оваа недела, мароканските власти поставија нова метална пречка висока околу четири метри, опремена со бодликава жица, во близина на границата, со цел да спречат големи групи луѓе да се приближат кон граничната област.

Најмалку 141 лице загина пред две недели

Мерките беа воведени по претходен обид за масовен влез на мигранти, како и повиците што се проширија на социјалните мрежи во последните денови за ново собирање и обид за преминување на границата на 15 август. Според шпанските хуманитарни организации, најмалку 141 лице загина пред две недели обидувајќи се да стигнат до шпанската енклава пеш или со пливање.

Како резултат на тоа, мароканските и шпанските власти дополнително го зајакнаа надзорот на границата и околното подрачје.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 20 дипломатско-конзуларни претставништва се без амбасадор или генерален конзул

Следно

Американски носач на авиони се враќа дома. Екипажот се жалел на тешките услови

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop