ДПС ја прифати оставката на Ѓукановиќ, за в.д. претседател на партијата е назначен Данијел Живковиќ

April 6, 2023
1 min read

Главниот одбор на Демократската партија на социјалистите (ДПС) денеска ја прифати оставката на претседателот Мило Ѓукановиќ од лидерската позиција во партијата, а за в.д. претседател е назначен Данијел Живковиќ, пишува подгорички „Вијести“.

Одлуката е донесена на седница на Управниот одбор во Подгорица.

Претходно беше најавено дека освен оставката на Ѓукановиќ, теми на седницата ќе бидат и вонредните парламентарни избори закажани за 11 јуни, како и подготовката на непосредни избори за лидер на ДПС.

Ѓукановиќ вчера поднесе оставка од лидерската позиција во ДПС, откако на 2 април ги загуби претседателските избори од неговиот противкандидат Јаков Милатовиќ. Ѓукановиќ беше на чело на ДПС од 1998 година.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Рубљата падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Следно

Дончевски: Ова е срам за Македонија, Вардар нема каде да тренира, а некои си играат по канцеларии

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација и бојадисување на клупите во Паркот на револуцијата – Могила

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира граѓаните дека во Паркот на револуцијата – Могила се спроведуваат активности за санација и уредување на урбаната опрема. Како дел од редовното одржување на паркот, извршена

Божиновска: Новиот Закон за енергетика ја зајакнува сигурноста и ја забрзува транзицијата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на
Go toTop